fbpx
ОДДЕЛИ

МИКРОБИОЛОГИЈА И ПАРАЗИТОЛОГИЈА

Задача на лабораторијата за микробиологија и паразитологија е да ги прецизира етиолошките агенси кои ги предизвикуваат инфекциите. Тоа можат да бидат: бактерии, вируси, габички или паразити.

Точното познавање на причинителот на инфекцијата е важно за правилна дијагноза на болеста. Изолираните бактерии потоа се испитуваат за осетливост кон широка палета антимикробни средства (антибиотици), што е основен предуслов за препишување адекватна терапија за лекување на инфекцијата.

Лабораторијата за микробиологија и паразитологија освен грижата за здравјето на амбулантските и хоспитализираните пациенти, директно учествува и во следењето и превенцијата на интрахоспиталните инфекции, како и во превенцијата на сè поактуелниот глобален проблем на појавата на резистенцијата кон антибиотици.