Кардиологија

Кардиолошкиот тим на „Аџибадем Систина“ се состои од еминентни интервентни кардиолози, неинванзивни кардиолози и електрофизиолози со што се овозможува целокупен третман на сите болести на срцето. Интервентните процедури се изведуваат со материјали и стентови со врвен квалитет од најпознатите производители во светот. Во „Аџибадем Систина“ секој пациент добива индивидуален третман кој вклучува и стручни препораки за намалување на ризик-факторите, како ефикасен начин за превенција на кардиоваскуларните заболувања.
НЕИНВАНЗИВНА КАРДИОЛОГИЈА
- превентивни кардиолошки прегледи
- коронарен стрес-тест
- 24-часовно мониторирање на срцевиот ритам
- 24- часовно мониторирање на крвниот притисок (мултидисциплинарен пристап)
- нефролошка консултација за покачен крвен притисок и 24-часовно следење на крвен притисок (холтер)
- техничка контрола на пејсмејкери и дефибрилатори
- доплер и дуплекс скен на периферните крвни садови
- ултрасонографија на каротидните артерии
- транскранијален доплер
- базична и напредна ехокардиографија
- трансторакална ехокардиографија
- трансезофагеална ехокардиографија
- 4д ехокардиографија
- контрастна ехокардиографија со микромеурчиња
- стрес ехокардиографија (добутаминска стимулација)
ИНВАНЗИВНА КАРДИОЛОГИЈА
На 24-часовно располагање е тим на високостручен кадар за прием и третман на хронична и акутна патологија. Процедурите се изведуваат со материјали и стентови со врвен квалитет од најпознатите производители во светот.
- две дигитални лаборатории за ангиографија
- дијагностички процедури на крвните садови
- дијагностички и интервентни процедури кај вродени и стекнати структурни болести на срцето
- ангиографија и имплантирање стент на коронарни крвни садови
- стентирање на каротидни артерии
- дијагностички и терапевтски процедури на периферна циркулација
АРИТМОЛОГИЈА
Нашиот тим со долгогодишно искуство ви нуди дијагностика и најсовремен третман на нарушувања на срцевиот ритам. Eдинствено кај нас имате можност за изведување на: електрофизиолошки испитувања, аблација кај срцеви аритмии, вградување пејсмејкери, срцева ресинхронизација, вградување имплантибилни кардиовертери и дефибрилатори и најсовремени апарати, од водечките производители во светот. Тимскиот пристап во дијагностиката и терапијата кај секој пациент гарантира ефикасност и врвен квалитет.
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.