ОДДЕЛИ

Кардиохирургија

Одделот за кардиохирургија е изграден според најсовремени светски стандарди. Во својата работа нуди професионален пристап во негата на пациентите со цел да се одговори, со врвна здравствена нега, на специфичните потреби на сите категории на пациенти. Составен e од врвен интернационален тим кардиохирурзи со долгогодишно искуство предводени од еминентниот проф. д-р Александар Николиќ. Интервенциите на Одделот за кардиохирургија се бесплатни за осигурениците на ФЗОМ.

ЗА НАС

Одделот се состои од интензивна нега, хоспитален дел и амбуланти. Успешноста во досегашното работење се должи на континуирано вложување во едукација и усовршување на тимот. Рутинскиот протоколарен систем на работа бара континуирано информирање и надградување на персоналот преку секојдневни утрински состаноци, презентации и форуми заедно со доктори од други специјалности во клиниката и посебни состаноци со кардиолошкиот тим. Ваквите конзорциуми на експерти се отворени и за надворешни кардиолози и други специјалности со цел да се промовира тимскиот пристап на работа.

На Одделот работи специјално обучен професионален тим хирурзи, анестезиолози, кардиоперфузионисти, медицински сестри, физиотерапевти и болничари. Кардиохируршкиот интернационален тим е составен од проф. д-р Александар Николиќ, д-р Владимир Емануиловиќ Белостотски и д-р Ељвис Мустафа, врвни професионалци кои во досегашното искуство имаат изведувано кардиохируршки интервенции во референтите центри во светот.

Интервенции/хируршки процедури

Одделот за кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ изведува цел спектар на кардиохируршки интервенции, од рутински до најкомплексни процедури на отворено срце. Успешноста и статистиките во изведувањето на истите се резултат на унифициран пристап, тимска работа, посветеност и врвна опрема во регионот.

На Одделот се изведуваат следниве интервенции/процедури:

  • Коронарен бајпас (CABG, MIDCAB, OPCAB) и тромбендеректомија на каротидни артерии
  • Замена или поправка на aортензалисток (David I, II)
  • Замена или поправка на митрален залисток, со операција на отворено срце или со минимално инванзивен пристап
  • Замена или поправка на трикуспидна валвула
  • Третман на аортна дисекција и аневризма

Индивидуален пристап во лекување

Нашиот стандард во работењето е индивидуалниот пристап. Тој почнува со првата средба со пациентот, каде што се одлучува за најсоодветната хируршка постапка, продолжува преку врвна хируршка нега, а завршува со планирање и спроведување на соодветна програма за рехабилитација. Нашата цел е едукација на пациентот. Веруваме дека пациентот, кој ја разбира својата болест и можностите за третман, има подобар резултат во лекувањето и побрз процес на рехабилитација. Она што е карактеристично за работата на Одделот е отворениот интерактивен пристап на таканаречени „отворени врати” кој го наметна проф. д-р Салис Таџер. На сите пациенти им се овозможува за секоја нивна потреба или проблем во кое било време да се советуваат и добијат мислење за својата состојба. Ваквиот пристап нам ни овозможи професионална грижа, успешни резултати и задоволни пациенти.

Интензивна нега

Кардиохируршка интензивна нега располага со 14 кревети, водена од кардиохирурзи и анестезиолози. Располага со најсовремена апаратура за реанимација и интензивно лекување, што овозможува третман и нега на сите тешко заболени пациенти, како во раниот постоперативен период, така и за оние кои се со хронични заболувања. Екипата составена од врвни експерти од областа на интензивното лекување овозможува здравствена нега според светски стандарди и протоколи со цел да се подобри општата состојба, а тоа резултира со пократок болнички престој.

Развојни планови на одделот

Понатамошните планови на одделот се насочени кон:

  • Инвестирање во нова опрема наменета за минимално инвазивните интервенции
  • Воведување на нови технологии во хирургија на аорта
  • Нова опрема за хирургија на аритмија
  • Воведување на најсовремена програма за срцева слабост и имплантација на центрифугална пумпа кај кардиомиопатии (LVAD/RVAD). Со имплементирање на оваа програма ќе го направи нашиот центар единствен во регионот кој обезбедува врвна услуга и решенија за пациентите со срцева слабостTAVI
  • Имплантација на тотално вештачко срце (TAH-t)