fbpx
ОДДЕЛИ

Асистирана репродукција (IVF)

Одделот ги имплементира последните технологии од областа на асистирана репродукција. Предводен е од д-р Слободан Лазаревски, основачот на асистираната репродукција во Р Македонија, кој го направи и првото успешно ин витро оплодување во земјава. Стапката на успешност е повеќе од 80% и е на ниво на светските референтни ИВФ-центри. Одделот има соработка со реномирани банки за јајце клетки и сперматозоиди со највисок квалитет. Ин витро оплодувањето е бесплатно за осигурениците со добиен ваучер од ФЗОМ. 

Nashiot Tim ivf NEW
 

ИВФ-центарот на Клиничка болница „Аџибадем Систина“ оваа година одбележува значаен јубилеј, 20 години од раѓањето на првото дете зачнато со помош на ин витро технологија во земјава. Оттогаш до денеска, во Центарот реализирани се над 17.000 вештачки оплодувања, а стапката на успешност е на ниво на светските референтни ИВФ-центри. Специјализираниот центар е пионер во имплементација на асистираните репродуктивни техники во земјава и е составен од еминентни гинеколози-акушери, андролози и ембриолози со долгогодишно искуство од областа на асистираната репродукција.

ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ

Имплементирајќи ги последните технологии во областа на асистираната репродукција, центарот за ИВФ во „Аџибадем Систина“ е неприкосновен лидер во регионот. Тука се изведуваат сите асистирани и репродуктивни техники без ограничување на возраста за ИВФ-постапки: вонтелесно оплодување (IVF, ICSI, TESE, TESA), криопрезервација (замрзнување) јајце клетки, сперматозоиди, ембриони, ткиво од тестис и ткиво од јајчник, интраутерина инсеминација, PICSI метода, како и замрзнување – витрификација на ембриони и јајце клетки.

ivf bebe

СОВРЕМЕНИ ТЕХНИКИ И ТЕХНОЛОГИИ

Assisted hatching – За да се имплантира ембрионот во матката мора да се ослободи од зона пелуцида, тенка обвивка што го опкружува ембрионот. Процесот при кој ембрионот се ослободува од зона пелуцида се вика hatching. Овој процес може да биде олеснет на тој начин што непосредно пред ембрио-трансферот се прави тенок отвор на зона пелуцида. Во нашата клиника оваа процедура се работи со помош нa најсофистициран ласер за assisted hatching.

Асистираните репродуктивни техники со донорски спермаозоиди се предлагаат кај двојки кај кои е дијагностициран апсолутен машки стерилитет (azoospermia), кога постои ризик од генетско преносливи болести на идното потомство како и кај жени без партнер. Користиме донорски материјал од најреномираната банка за сперма во Европа, со која имаме воспоставено највисоко ниво на соработка.

Асистираните репродуктивни техники со донорски јајце клетки се препорачуваат кај двојки (парови), кај кои жените се соочуваат со проблеми од различен тип, како: хормонални нарушувања (хормонален дисбаланс), прерана менопауза, ендометриоза, имунолошки фактори, генетски или хромозомски аномалии, слаб квалитет на јајце клетки, како и кај жени кои во минатото биле подложени на хемотерапија. Донацијата на јајце клетки е анонимна, за донорот и за реципиентот.

Техниките на асистирана репродукција со донирани ембриони, се предлагаат кај двојки кај кои двајцата, мажот и жената имаат гамети (јајце клетки и сперматозоиди) кои се со многу слаб квалитет, при што кај нив не може да настане оплодување од различни причини. Овие ембриони се создаваат од донирани сперматозоиди и донирани јајце клетки. Се предлагаат на двојки, кај кои и двата партнери се соочуваат со инфертилитет.

За пациентките без партнер кои сакаат да основаат семејство, една опција е донор на сперматозоиди, додека другата е ембрио донација, особено кога квалитетот на јајце клетките е послаб, или кога пациентката нема јајце клетки. Ова особено кај пациентки кои се повозрасни, над 45 години. Кај нив единствен услов е матката да овозможува бременост. Горна граница за возраст на пациентките нема. Со оваа метода успехот е над 50%.

Замрзнување на јајце клетки – Замрзнување на јајце клетки во нашата болница се изведува со методата на брзо замрзнување, односно витрификација која дава најдобри резултати на преживување на клетките.

Замрзнувањето на јајце клетки е важна метода на криопрезервација кај:

  • Пациентки со канцер
  • Пациентки кои сакаат да го пролонгираат мајчинството
  • Пациентки кај кои доаѓа до намалување на функцијата на јајчниците, прематурна оваријална инсуфициенција, оваријални цисти
  • Замрзнување на ткиво од јајчник

ICSI е ефикасен метод на оплодување на јајце клетки кога параметрите на ејакулатот не се оптимални или кога претходните методи на фертилизација не даваат резултат. Со помош на ICSI методата и најтешките случаи на машка неплодност, како што е многу мал број сперматозоиди или отсуство на сперматозоиди во ејакулатот, можат успешно да бидат третирани. Во овие случаи со помош на одредени постапки сперматозоидите се добиваат од тестисот или од епитидимисот.

PICSI – Изборот на квалитетни сперматозоиди е клучен за успешност на постапката. Со PICSI постапката се овозможува селекција на зрели, матурни сперматозоиди за оплодување на јајце клетките. Се селектираат сперматозоиди кои имаат можност да се врзат за хијалоронанот и на тој начин се зголемуваат шансите за успешно оплодување на јајце клетките, а истовремено се намалува шансата за спонтани абортуси.

Нашиот тим гинеколози, ембриолози и андролози секојдневно го исполнува сонот на паровите со неплодност и ги нуди следниве услуги:

  • Комплетна клиничка проценка на неплодност кај парот
  • Третман на гинеколошки дисфункции кај млади жени и кај жените во менопауза
  • Хирзутизам и хиперандроген синдром
  • Индукција на овулација
  • Дијагностичка лапароскопија
  • Контролирана оваријална хиперстимулација за асистирана репродукција
  • Интраутерина инсеминација
  • Хистеросалпингографија
  • Лапароскопија (ендометриска хирургија, реконструктивна пелвична хирургија, миомектомија, салпингектомија, хирургија на оваријална циста)
  • Хистероскопија (полипектомија, ресекција на септум, миомектомија, одвојување во случај на интраутериски спој)

Лабораториски услуги

ivf slika

  • Спермограм (анализа на ејакулат)
  • Анализа на морфологија на сперматозоиди
  • Замрзнување на сперматозоиди од ејакулат и тестикуларно ткиво
  • Ин витро фертилизација
  • Интрацитоплазматска инјекција на сперматозоид ICSI
  • Микроманипулативни методи
  • Екстракција на сперматозоиди од тестикуларно ткиво TESE
  • Селекција на сперматозоиди PISCI
  • Ин витро матурација
  • Зголемување на шансите за имплантација со Assisted hatching
  • Трансфер на бластоцити
  • Замрзнување на ембриони и јајце клетки
  • Ембриотрансфер на одмрзнати ембриони FET

МАШКА НЕПЛОДНОСТ

Специјалистите од центарот за машка неплодност нудат уникатен и тимски пристап во дијагноза и лекување на неплодноста кај мажите. Како врвен центар ги следиме најновите светски текови со цел да им се помогне на двојките да дојдат до свое потомство. Располагаме со тим и опрема за дијагноза на машка неплодност, како и сите видови меди каментозни и хируршки третмани во лекувањето на неплодноста кај мажите.