fbpx
ОДДЕЛИ

Општа Интензивна нега

 

Во Единицата за интензивна нега работи тим на високообучени специјалисти по анестезија и реанимација. Организациската поставеност, контролата на инфекции и целокупниот систем на мониторинг и следење на овие пациенти се организирани на ниво да ја обезбедат најдобрата нега на критично болните пациенти. Единицата располага со 9 посебни боксови и специјална соба за изолација во кои се спроведува високоспецијализиран и софистициран мониторинг и лекување.

 

ВИСОКОПРОФЕСИОНАЛЕН ТРЕТМАН

Според официјалните статистики, системот на организација во посебни боксови за секој пациент овозможува намалување на ризикот од појава на интерхоспитални инфекции, кои претставуваат најголема закана по здравјето во услови кога општата здравствена состојба на пациентите е критична. Во рамките на Одделот за интензивна нега отворена е и специјална соба со систем за негативен притисок. Оваа соба е наменета за изолација на специфични пациенти кои се инфективни и претставуваат опасност од ширење инфекции. Располага со најсовремени апарати за следење на виталните функции и за механичка кислородна поддршка.

 

 

ТРЕТМАН

Во Единицата за интензивна нега се лекуваат критично болни пациенти (оперирани и неоперирани) кои имаат тешко нарушени витални функции и имаат потреба од специјален третман. Овие пациенти се под постојан надзор од страна на анестезиолошкиот тим. Оваа високоспецијализирана единица овозможува :

  • Кислородна поддршка  и оксигенотерапија
  • Комплетен инванзивен и неинванзивен мониторинг на пациентите
  • Вентилаторна поддршка со современи апарати со сите опции за механичка вентилација
  • Хемодинамска поддршка со инотропна стимулација
  • Респираторна и физиотерапија
  • Можност за парентерална и ентерална исхрана
  • Можност за торакална дренажа
  • Можност за хемодијализа, хемофилтрација и плазмафереза