Инфективни болести
Одделот за Инфективни болести во Клиничката болница „Аџибадем Систина” е првиот приватен инфективен оддел во земјава кој обезбедува високо квалитетни здравствени услуги од областа на инфектологијата, со примена на современи дијагностичко-терапевтски процедури и методи на лекување од страна на искусен и стручен тим.
Во првиот приватен инфективен оддел во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ покрај Ковид-19 се третираат и останатите инфективни заболувања како:
• Менингитис, енцефалитис
• Инфекции на бели дробови – пневмонии и бронхопневмонии
• Мононуклеози
• Варичела, рубеола, морбили
• Сепса
• Тонзилофарингитис
• Остеомиелитис
• Уринарни инфекции
• Инфекции на кожа
• Целулити, еризипели
• Сексуално преносливи болести
• Хепатитис А, Б. Ц
• Интонксикации
• Гастроентероколити
На одделот работи стручен медицински персонал со долгогодишно искуство, подготвен да одговори на сите потреби на пациентите почнувајќи од најмала возраст.
Најсовремен пристап во лекувањето на ковид – пациенти
Инфективниот интензивен болнички оддел на „Аџибадем Систина” е единствениот приватен инфективен оддел во земјава со најголем капацитет во кој се применуваат најсовремените протоколи за третман на ковид-пациенти на Светската здравствена организација, Здравствената групација „Аџибадем” и втората најголема групација на болници во светот (IHH). Болницата е пионер и во набавувањето на најсовремена терапија за пациентите, како и антибиотска терапија (согласно микробиолошките наоди), витаминска терапија, хепатопротективна терапија…








Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.