fbpx
ОДДЕЛИ

Гинекологија и акушерство

 

Со повеќе од 15 успешни години Одделот за гинекологија и акушерство претставува високореспектиран бренд во грижата за репродуктивното здравје во земјава и регионот. Тимот е составен од повеќе од 20 врвни гинеколози од различни супспецијалности со што е опфатен секој детаљ во грижата за женското здравје. Одделот е пионер во изведување бројни гинеколошки интервенции, како и во инвестирање на најмодерна технологија за дијагноза и третман.

Амбулантскa гинекологија и акушерство

Одделот за амбулантска гинекологија и акушерство обезбедува здравствена нега на сите гинеколошки проблеми, од репродуктивните нарушувања до постменопаузалниот период на жената. Искусниот тим гинеколози и акушери постојано работи на рутинските процедури, како и на сложени гинеколошки проблеми кои вклучуваат:

  • Евалуација на ПАП тестови
  • Колпоскопија
  • Заболувања на вулва
  • Абнормално крвавење
  • Вагинални инфекции
  • Менопауза
  • Заместителна хормонска терапија
  • Репродуктивен скрининг
  • Болка во пределот на карлицата
  • Евалуација на плодност
  • Следење на бременост
  • Редовни check up прегледи
  • Методи на контрацепција

 

 

 

   

Урогинекологија и реконструктивна хирургија на карлица

Овој оддел работи особено на пелвичната дисфункција кај жените. Таа ги опфаќа анатомските органи помеѓу пубичната коска и сакрумот. Примарно се фокусираме на третманот на дисфункцијата на мочниот меур вклучувајќи ја уринарната стрес-инконтиненција, како и нарушувањата на гениталиите и гениталниот пролапс.

Гинеколошко-хируршки интервенции

Нашиот искусен тим на специјалисти по гинеколошка хирургија ги едуцира пациентите во врска со можностите за третман (хируршки и нехируршки). Со ова на секоја жена ѝ овозможува самата да донесе правилна одлука во врска со нејзиното понатамошно лекување.  Во текот на евалуацијата гинеколозите користат ултразвук со цел да се добие попрецизна информација во врска со одлуката за понатамошно лекување. Кога е потребна хируршка интервенција, нашата цел пред сѐ е да ги понудиме сите процедури со цел да го одбереме најбезбедниот, најефективен и најбезболен третман.

Минимално инванзивните процедури вклучуваат:

Хистероскопија

  • Дијагноза со и без дилатација и киретажа
  • Отстранување полипи и фиброиди
  • Хистероскопска стерилизација
  • Абнормално крвавење на матката

Лапароскопија

  • Дијагноза
  • Отстранување јајцеводи и јајчници, цисти на јајчници (напредна хирургија – отстранување фиброиди, ендометриоза и супрацервикална и тотална хистеректомија)
  • Болки во карлица

Третман на специфични состојби

Нашиот тим со мултидисциплинарен пристап овозможува третман и лекување неплодност, гинеколошки канцер, нарушувања на карлицата, ректален пролапс, сексуална дисфункција, посложени проблеми со уринарниот тракт, нарушувања во периодот на менопаузата, фекална инконтиненција итн. Целосно сме посветени во обезбедувањето врвна здравствена грижа за жените од сите возрасти.

Онколошка гинекологија

Тимот гинеколози овозможува навремена дијагноза на сите малигни гинеколошки болести. Во соработка со тимот од Одделот за радиотерапија и онкологија, пациентите добиваат индивидуален третман.

Ласерски третман

Најсовремениот Еr:YAG ласер брзо, безболно и без компликации дава одлични резултати во третманот на голем број гинеколошки проблеми. Работата на овој ласер се базира на неаблативна фототермална стимулација на создавање нов колаген и негово ремоделирање во регионот на вагиналниот ѕид, влезот на вагината и околното ткиво на влезот на уретрата (vestibulum).

 

 

Вагинално подмладување (рејувенација)

Револуционерниот ласер дава одлични резултати кај пациентки со атрофија на вагината (сувост на вагината и вулвата). Со третманот се постигнува создавaње нов колаген и збогатена васкуларизација на вагиналниот ѕид. По третманот, исчезнуваат симптомите на сувост, печење, болка.

Третман на стрес-инконтиненција

Ласерскиот третман е замена за хируршки третман за лесен до среден степен на стрес-инконтиненција. Со третманот се постигнува создавање и ремоделирање на нов колаген, што резултира со нормализирање на функцијата за задржување на урината во мочниот меур.

Третман на синдром вагинална релаксација

Ласерскиот третман успешно го решава проблемот на опуштеност на карличното дно и вагиналниот канал. По третманот, вагиналниот канал се затегнува и задебелува. Ласерскиот систем се користи и за третман на: CIN промени, генитални брадавици, бенигни промени на вулва, корективни интервенции (пластика) на вулва, Cystocellae (спад на мочниот меур).

Следење на бременост и скрининзи

Гинеколошкиот тим на Аџибадем Систина се состои од врвни експерти за следење нормална и високоризична бременост. Покрај редовните прегледи, нашиот тим ги спроведува и задолжителните скрининзи во бременоста.

Високоризична бременост

Врвниот тим гинеколози акушери и модерната технологија што  ја поседува „Аџибадем Систина“ овозможуваат современи медицински услуги кај високоризичните бремености со цел да се обезбеди најдобра грижа за мајката и плодот. Преку сеопфатна програма за проценка и третман со врвен тим специјалисти и најсовремената технологија го промовираме здравјето на мајките и бебињата.

Породување

„Аџибадем Систина“ е најголемото приватно родилиште во земјава и регионото, каде годишно се раѓаат над 1.000 новороденчиња. Располага со 2 родилни сали и 2 родилни боксови со најсовремена опрема. По барање на родилката, достапни се сите типови на безболно породување. За време на породувањето по барање на родилката, може да присуствува и партнерот.