fbpx
ОДДЕЛИ

Гастроентерохепатологија

Одделот е предводен од еминентен тим гастроентерохепатолози со долгогодишно искуство од оваа област. Колоноскопија, гастродуоденоскопија, ERCP се изведуваат со последна генерација на ендоскопска технологија. Покрај стандардните амбулантски прегледи и интервенции, тимот е достапен 24 часа за итни состојби – стопирање на крвавење, лигација, склерозација, отстранување на туѓо тело, балон дилатација и стенози.

gastro
 

ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН

Одделот нуди комплетен мултидисциплинарен пристап од страна на гастроентерохепатолози, хирурзи и радиолози при испитување и на најкомплексните проблеми.

Пациентите имаат можност за комплетна дијагноза и интервентни третмани на органите на дигестивниот систем (езофагус, желудник, жолчни патишта, панкреас и перитонеум). Сите процедури се изведуваат од специјализиран тим со употреба на напредни методи за испитување. Со помош на последна технологија за ендоскопија се изведуваат специфични интервенции како ERCP, како и гастродуоденоскопија и колоноскопија. Итни интервенции (стопирање на крвавење, лигација неваскуларна, склерозација, отстранување на туѓо тело, балон дилатација и стенози) се изведуваат 24 часа во денот.

Одделот за гастроентерологија и хепатологија обезбедува широка палета на експертски дијагностички услуги и водење на низа хронични црнодробни болести, како што се: хроничен хепатитис Б и Ц, автоимуни заболувања на црниот дроб, метаболички и токсични нарушувања на црниот дроб, генетски условени заболувања на црниот дроб, црнодробна цироза од најразлично потекло, проценка за трансплантација на црниот дроб и посттрансплантациско следење на пациентите. Во таа насока, тимот обезбедува мултидисциплинарен пристап со спроведување на најновите светски усвоени препораки и протоколи за дијагностика и лекување на следниве заболувања на црниот дроб:
• хроничен хепатитис Б и Ц
• автоимун хепатитис
• масен црн дроб и неговите клинички ентитети (неалкохолен стеатохепатитис, замастување во рамки на прекумерна телесна тежина, дијабетес и др.)
• примарен билијарен холангитис (примарна билијарна цироза)
• примарен склерозантен холангитис
• цироза на црниот дроб со нејзините компликации
• алкохолна болест на црниот дроб
• генетски условени хипербилирубинемии
• наследни болести на црниот дроб – М. Вилсон, примарна хемохроматоза
• нарушувања на црниот дроб во тек на бременост
• медикаментозно условено оштетување на црниот дроб
• евалуација на кандидати за трансплантација на црниот дроб
• клиничко водење на трансплантирани пациенти.

КРОНОВА БОЛЕСТ И КОЛИТИС

Одделот, исто така, третира и инфламаторни болести на стомакот (улцеративен колитис, и кронова болест), кои претставуваат група болести со зголемена фреквенција на појава во изминатите години. Дијагнозата и третман на овие болести се спроведува со најсовремена технологија од страна на гастроентерохепатолози и хирурзи стручни во конкретната област.