Физикална медицина и рехабилитација

Одделот за физикална медицина и рехабилитација нуди можност за превенција и третман на сите спортски повреди вклучувајќи индивидуален план за третман и вежби. Единствено во Македонија располага со подводна хидролента за изведување хидротерапија.
Одделот за изикална медицина и рехабилитација нуди можности за:
- Електротерапија (TENS, електростимулација, дијадинамска струја, галванска струја, интерферентни струи)
- Термотерапија (инфрацрвена ламба, ултразвук, радиофреквентна терапија, криотерапија)
- Магнетотерапија
- Ласеротерапија
- Механичка терапија (екстензија, лимфна дренажа)
- Мануелна терапија (мануелна дренажа, мобилизација, манипулација)
- Кинезитерапија (терапевтски вежби)
- Мануелна масажа (медицинска, спортска, релаксациска)
- Biodex system 4 –изокинетичка машина
- Хидротерапија
Хидротерапија
Изведувањето вежби на хидролента не само што е исклучително корисно во рехабилитација, сè почесто се користи како подготовка во тренинг-процесите на професионалните и аматерските спортисти. Поволна е во започнувањето со физичка активност кај лица кои сакаат да ја намалат телесната тежина или лица кои имаат болки во грбот и зглобовите. Основно е што се елиминира земјината тежа, се намалува притисокот врз зглобовите, а при отпорот што го создава водата се јакне мускулатурата. Се користи при рехабилитација на скршеници и хируршки интервенции на дискус хернија.
Физикална терапија и рехабилитација на патолошки состојби и болести
Физикалната терапија и рехабилитација дава можност за лекување пациенти кои од кои било причини не смеат да примаат лекови или да подлежат на хируршки третман, пациенти со хронични заболувања или пациенти со ограничени, односно изгубени моторни функции. Истата се применува и по извршена операција заради враќање на нормалните функции на телото, односно кога постои ризик од прогресирање на болеста.
Рехабилитација на спортски повреди
- Повреди на мускули, лигаменти и тетиви
- Воспалителни промени на лигаменти, тендинити (тениски лакот)
- Третман на бурситис
- Рехабилитација пред и по оперативен третман на колк, колено, скочен зглоб, рамо, лакот и рачен зглоб, артроскопски интервенции на зглобови (рехабилитација по менисцектомија, лигамнетопластика на преден вкрстен лигамент, артроскопија на рамо)
- Рехабилитација по повреди на Ахилова тетива
- Повреди на рамo
- Рехабилитација при невролошки заболувања
- Третман на болки во вратот, грбот и половината
- Намалување на болка при невралгии и спроведување вежби за превенција на болки во ’рбетниот столб
- Третман на цервикална и лумбална дискус хернија со тракциона терапија
Рехабилитација во кардиологија
- Постоперативна рана кардиорехабилитација
- Рехабилитација кај ревматолошки заболувања
- Третман на дисфункционалности при ревматолошки заболувања
- Третман при дегенеративни заболувања на целиот мускулно-скелетен систем
Грижа за правилен раст и развој на децата
Коскено-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешните и надворешните фактори е подложен на различни деформации. Наследниот фактор и лошото држење на телото, недоволната физичка активност доведуваат до нарушување на статиката на ’рбетниот столб, што резултира со појава на деформитети. Коре ктивната гимнастика се состои од специјални вежби прилагодени за секое дете, при што се јакнат одредени мускулни групи, засегнати со деформитетот, со што се врши негова корекција.
Грижа за здрав развој во тек на бременост
Медицинска масажа за трудници со цел:
- Подобрување на циркулација и намалување на отоците
- Подобрување на мускулниот тонус
- Подготовка на мускулите за чинот на породување
- Релаксирање на телото
- Намалување на стресот
* Идните мајки кои ја водат бременоста во „Аџибадем Систина“ добиваат ваучер за бесплатна медицинска масажа
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.