Ендокринологија

Одделот за ендокринологија обезбедува целосен спектар на услуги за сите ендокринолошки нарушувања. Располага со најсовремена технологија во регионот за дијагноза и третман на ендокринолошки болести. Програмата за дијабетес нуди целосна нега за болните од дијабетес вклучувајќи консултации за специјален режим на исхрана, инсулински пумпи и широка палета на едукативни активности.
МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП
Мултидисциплинарниот тим, составен од специјалист по ендокринологија, медицинска сестра задолжена за едукација на пациентите со дијабетес, нутриционист, како и другите специјалисти кои работат на оваа проблематика обезбедува беспрекорна медицинска грижа за пациентите кои имаат дијабетес или, пак, сакаат дополнително да се едуцираат.
Одделот за еднокринологија е во постојана соработка со другите оддели во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со цел да им обезбеди брза и точна дијагноза и лекување на пациентите со ендокринолошки нарушувања.
Нашите доктори се специјалисти за болести поврзани со коски, тироидни нарушувања, проблеми со хипофизата, надбубрежни нарушувања, како и хормонални нарушувања кај мажи и жени.
ТРЕТМАН
Одделот за ендокринологија при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги обезбедува следниве услуги:
- Општа ендокринологија и невроендокринологија
- Тироидни заболувања, тироидни јазли и канцер
- Нарушувања на липидите
- Остеопороза, метаболичко заболување на коските и нарушувања поврзани со калциумот
- Динамични ендокринолошки тестирања
- Проблеми со хипофизата: хирургија, амбулантска и болничка нега, вклучувајќи акромегалија, Кушингов синдром, пролактиноми, нефункционален аденом на хипофизата, краниофарингиома. Потоа, заместителна хормонска терапија на хипофизата, вклучувајќи го н
амалувањето на хормоните кај возрасните по трауматска повреда на мозокот. - Проблеми со надбубрежната жлезда, вклучувајќи ја Адисоновата болест, конгенитална адренална хиперплазија и индиценталоми.
- Репродуктивната ендокринологија опфаќа дефицит на хормони кај возрасните, хипогонадизам, индукција на сперматогенеза и овулација, синдром на полицистични јајчници.
- Грижа за пациентите кои имаат канцер во подоцнежна фаза
- Хирургија: хиперпаратироидизам, тироидни јазли, тумори на надбубрежна жлезда, тестиси.
- Ендокринолошки нарушувања во бременоста, како и гестациски дијабетис
- Добро испланирана едукација на пациенти
- Психолошка поддршка на пациентите со ендокринолошки заболувања
- Дебелина
- Брачна неплодност
- Еректилна дисфункција
- Остеопороза
- Нарушувања во раст и развој
- Тироидни нарушувања
- Нарушувања на надбубрежни жлезди
- Хипофизни и хипоталамички нарушувања
- Ендокрини тумори
- Педијатриска ендокринологија
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.