fbpx
ОДДЕЛИ

Дијагностички лаборатории

Одделот за дијагностички лаборатории нуди комплетен спектар на услуги 24 часа, секој ден во неделата. Опремени се со автоматизиран транспортен вакуум систем кој овозможува брз пренос на материјалите и доставување брзи резултати кон сите оддели на болницата. Високата стручност и професионалност обезбедувањето точни резултати и имплементирањето современи протоколи во работењето на Дијагностички лаборатории резултираше во одржување на акредитација според стандардот MKC EN ISO 15189:2013.

Препораки за пациенти Преземање резултати

Биохемиска лабораторија

Одделот за клиничка биохемија во „Аџибадем Систина“ нуди широк спектар на рутински и специјализирани лабораториски услуги за испитување крв, урина и други телесни течности. На Одделот се изведуваат хематолошки анализи со флуоресцентен флоуцитометар, како и анализа на хормони, ензими, деградациски продукти, електролити, специфични протеини, маркери за воспалителни процеси, фактори на хемостаза, тумор-маркери, маркери за хепатитис А, Б и Ц, ХИВ, токсоплазмоза, цитомегаловирус, рубела, херпес вирус, гасни анализи, урина, уринарен седимент, следење на терапија со лекови и друго.

Одделот брзо и ефикасно ги врши сите анализи чии резултати со помош на лабораторискиот и болничкиот софистицирана програма (софтвер) се доставуваат до операционите сали и единицата за интензивна нега, како и до сите амбуланти. Истовремено, Одделот е одговорен и за следењето на целокупната програма за испитувања во болницата.

Сите методи на анализите се дефинирани од Интернационалната федерација за клиничка хемија (IFCC), проверени од Националниот комитет за стандардизација на клиничките лаборатории (CLIA), усогласени според критериумите договорени во Светската здравствена организација WHO и одобрени од Асоцијацијата за примена на храна и лекови ФДА (FDA). Биохемиската лабораторијата е под континуирана светска надворешна контрола.

Имунохематолошка (трансфузиолошка) лабораторија

Во имунохематолошката лабораторија се изработуваат следниве анализи: одредување крвна група, детектирање антиеритроцитни антитела, ладни изоаглутинини, директен антиглобулински тест (DAT- Coombs test), индиректен антиглобулински тест (IAT -Coombs test). За пациентите кои се лекуваат во болницата и имаат потреба од заместителна терапија со крвни компоненти се обезбедуваат неопходни количини еритроцити, свежо смрзната плазма, тромбоцити и криопреципитат. Проби за компатибилност – интер реакција меѓу дарувана крв и пациентот се изработуваат задолжително за секој пациент кој треба да прими трансфузија. Во лабораторијата се подготвува автологна плазма богата со тромбоцити за пациенти кај кои е индицирано од ортопед, трауматолог или дерматолог. Препаратот се користи за побрзо зараснување на повредени ткива или естетска корекција.

Трансфузиолошка амбуланта

Доктор специјалист трансфузиолог врши амбулантски специјалистички прегледи кај пациенти со промени на вените и артериите на екстремитетите, пациенти со крвавења или тромбоза и одредува терапија за пациентите кои се под антикоагулантна терапија – терапија по шема. По потреба на одделите во болницата се вршат козилијарни консултации од областа на клиничката трансфузиологија (мислење за хемостазата на пациентите, како и совет за понатамошен третман).

Лабораторија за микробиологија и паразитологија

Задача на лабораторијата за микробиологија и паразитологија е да ги прецизира етиолошките агенси кои ги предизвикуваат инфекциите. Тоа можат да бидат: бактерии, вируси, габички или паразити.

Точното познавање на причинителот на инфекцијата е важно за правилна дијагноза на болеста. Изолираните бактерии потоа се испитуваат за осетливост кон широка палета антимикробни средства (антибиотици), што е основен предуслов за препишување адекватна терапија за лекување на инфекцијата.

Лабораторијата за микробиологија и паразитологија освен грижата за здравјето на амбулантските и хоспитализираните пациенти, директно учествува и во следењето и превенцијата на интрахоспиталните инфекции, како и во превенцијата на сè поактуелниот глобален проблем на појавата на резистенцијата кон антибиотици.

Лабораторија за генетика

Лабораторијата за генетика  нуди целосен пристап до најсовремени генетски скрининг и дијагностички анализи.

Пренатални анализи

Двоен /троен скрининг-тест  – моќен алгоритам кој ги употребува податоците од повеќе здравствени извори и дава детален резултат со што му се овозможува на докторот пристап до информации потребни за проценка на бременоста.

НИПТ – Неинванзивно пренатално тестирање – метода која одредува дали постои ризик за присуство на одредени генетски абнормалности кај фетусот. Со овој тест се испитуваат мали фрагменти на вонклеточна ДНК (cfDNA) кои циркулираат во крвта на мајката.

Панорама Натера – НИПТ кој овозможува точно утврдување на потеклото на cfDNA преку користење на еднонуклеотидни полиморфизми(SNPs). Со оваа метода попрецизно се одредува ризикот за анеуплоидии, особено при бремености со близнаци, како и триплоидија.

Пренатални инванзивни процедури – во текот на бременоста може да се појави потреба да се изведат овие процедури со цел да се земе материјал за дијагностички генетски испитувања на фетусот( хорион биопсија, плацентоцентеза, амниоцентеза, кордоцентеза)

  • кариотипизација – анализа на 46 хромозоми, детекција на анеуплоидии, триплоидии, транслокации, инверзии, поголеми делеции и дупликации, мозаицизми
  • Молекуларна кариотипизација (array анализи)
  • FISH анализи
  • Анализа на познати мутации – цистична фиброза, спинална мускулна атрофија, мускулна дистрофија и многу други
  • Генско секвенционирање на еден ген за откривање на многу состојби и болести
  • Генски панели – секвенционирање на повеќе гени кои можат да учествуваат во развој на разни болести
  • WES (whole exome sequencing)- целосно секвенционирање на егзом
  • WGS (whole genome sequencing) – целосно секвенционирање на геном

Постнатални анализи

Генетски испитувања кај деца и возрасни индивидуи

  • кариотипизација – анализа на 46 хромозоми, детекција на анеуплоидии, триплоидии, транслокации, инверзии, поголеми делеции и дупликации, мозаицизми
  • Молекуларна кариотипизација (array анализи)
  • FISH анализи
  • Анализа на познати мутации – цистична фиброза, спинална мускулна атрофија, мускулна дистрофија и многу други
  • Скрининг за носителство (цистична фиброза, спинална мускулна атрофија, мускулна дистрофија фрагилен X хромозом, репродуктивни проблеми, спонтани абортуси итн.)
  • Генско секвенционирање на еден ген за откривање на многу состојби и болести
  • Генски панели – секвенционирање на повеќе гени кои можат да учествуваат во развој на разни болести
  • WES (whole exome sequencing)- целосно секвенционирање на егзом
  • WGS (whole genome sequencing) – целосно секвенционирање на геном

 

Цитолошка лабораторија

Во цитолошката лабораторија се вршат размаски од грлото на матката со конвенционална ПАП (Папаниколау) техника, тенкоиглена аспирациска биопсија, како и цитолошка анализа на телесни течности со конвенционална размаска и цитоспин техника.

Хистолошка лабораторија

Хистолошката лабораторија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди можности за рутинското хематоксилин и еозин боење, диференцијални боења, како и имунохистохемиски боења. Со голема палета на моноклонални антитела. Имунохистохемиската анализа се изведува автоматски на апарат AST Link 48 и PT Link (DAKO, Denmark). Лабораторијата обезбедува генетски и молекуларни испитувања. Испитувањата се евалуираат со внатрешна и со надворешна контрола (NORDICQ-Denmark). Архивирање на хистолошки материјал до 20 години од моментот на третманот. Хистопатолошката лабораторија обезбедува консултативна услуга за пациенти кои бараат второ мислење.

Оддел за клиничка патологија во „Аџибадем Систина“ е лидер во регионот во воведувањето на најновите методи за испитување. Одделот за клиничка патологија е во постојан контакт со работата на другите оддели во болницата, со што нуди мултидисциплинарен пристап во дијагностицирањето.

Молекуларна дијагностика

Одделот за молекуларна дијагностика во клиничката болница „Аџибадем Систина“ изработува PCR молекуларни анализи спроведени преку патентиран и докажан златен стандард- CEPHEID GeneXpert Dx Систем кој автоматизира и интегрира подготовка на примерокот, амплификација на нуклеинските киселини и откривање на целната секвенца во примерокот или комплексот на примероци, користејќи real-time полимераза верижна реакција (PCR).

Молекуларни анализи

Одделот за молекуларна дијагностика за нашите пациенти и нивното здравје овозможува најбрзо и најточно анализирање, докажување или верифицирање на присуство или отсуство на одредени причинители за болест (сексуално преносливи болести, бактериски или вирусни инфекции) спроведени според стандардизирана и универзално прифатена PCR метода.

  • Xpert MTB/Rif real-time PCR
  • Молекуларна анализа за докажување присуство на Mycobacterium tuberculosis и резистенција кон рифампин
  • Xpert ® CT/NG
  • real-time PCR тест за Chlamydia trachomatis и Neisseria gonorrhoeae
  • Xpert ® HPV real-time PCR
  • Молекуларна анализа за HPV, (Human papillomavirus)
  • Xpert HCV VL
  • real-time PCR тест за докажување присуство на хепатит Ц вирус
  • Xpert HIV VL
  • real-time PCR тест за докажување присуство на ХИВ вирус

Упатства за правилно земање, ракување, транспорт, прием, подготовка и складирање на примерок за анализа

Преземете ги работните упатства за дијагностички лаборатории:

Упатство за правилно земање, ракување, транспорт, прием, подготовка и складирање примерок за микробиолошка анализа

Упатство за правилно земање, ракување, транспорт, прием, подготовка и складирање примерок за хистопатолошка анализа

Упатство за правилно земање, ракување, транспорт, прием, подготовка и складирање примерок за биохемиска анализа