Диетологија

Одделот за диетологија и медицина на животен стил врши интегриран пристап во превенцијата и лекувањето на сите здравствени состојби и болести кај кои промените на животниот стил во начинот на исхрана се дел од терапијата пропишана во медицински национални и светски водичи за превенција и лекување на болестите базирани на научни докази.
Во склоп на одделот функционираат:
- амбулантски кабинет за диетологија
- хоспитален дел
Кабинетот за диетологија, кој е опремен со најсовремена дијагностичка апаратура, овозможува да се направат сите неопходни антропометриски, биохемиски и физиолошки анализи и мерења со цел да се утврди здравствената состојба на пациентот и нутритивниот статус. Со стандарден амбулантски преглед и добиените резултати од анализите се врши соодветна корекција на нутрицијата (исхраната), адаптација на суплементација (додатоци на исхрана) и промени на животниот стил. Моменталниот однос на сегментниот состав на телото преку иницијално, контролно и финално мерење овозможува да се следат и промените што настанале како резултат на корекцијата на исхраната и промените во начинот на живеење.
КАБИНЕТОТ ЗА ДИЕТОЛОГИЈА НУДИ:
Грижа со корекција на исхраната кај здрави луѓе, и тоа:
- исхрана кај пубертет и адолесценција
- исхрана во бременост и доење
- исхрана во менопауза и андропауза
- исхрана кај стари лица
- исхрана кај спортисти
- контрола на телесната тежина
- интолеранција на глутен и лактоза
Грижа со медицинска диета и адаптација на суплементација кај пациенти со одредени заболувања, и тоа хигиено-диететски план кај:
Дебелина
- прекумерна телесна тежина
- здебеленост
Кардиоваскуларни болести и анемија
- висок крвен притисок
- нарушени масти во крвта
- атеросклероза
- железо-дефицитна анемија
- по прележан срцев инфаркт
- по прележан мозочен удар
- проширени вени
Дијабет
- нарушена регулација на шеќерот во крвта
- хиперинсулинемија, инсулинска резистентност
- пред дијабет, дијабет и труднички (гестациски) дијабет
Гастроентерохепатолошки болести и состојби
- опстипација (тврда столица)
- хиетална хернија
- функционална диспепсија – киселини во желудникот
- позитивен хеликобактер пилори
- гастроезофагеална рефлуксна болест – ГЕРБ
- чир на желудникот и дванаесетпалечното црево
- хемороиди
- исхрана на болни со жолчни камчиња
- замастен црн дроб
- инфламаторни болести на стомакот (улцеративен колитис и корнова болест)
- хроничен панкреатит и хепатит
- иритабилен колон
- целијакија
- тумори и неопастични промени
Гинекологија и репродуктивно здравје
- план на исхрана при процесот на ин витро оплодување
- полицистични јајчници
- ХПВ-инфекции и претканцерози (ЦИН 1,2 и 3)
- миоми на матка
- тумори на гениталниот тракт и дојка
- ниски вредности на тестостерон
Автоимуни заболувања
- хашимотов тироидит, хипотироидизам
- ревматоиден артрит
- псоријаза
- лупус
Коскено-мускулен систем
- остеопенија и остеопороза
- дискус хернија
- артроза
- остеохондрит
ХОСПИТАЛНИОТ ДЕЛ ОД ОДДЕЛОТ ЗА ДИЕТОЛОГИЈА НУДИ:
Хигиено-диететски план како дел од терапијата кај хоспитални пациенти
Хоспиталниот дел од Одделот за диетологија по проценка на доктор диетолог нуди грижа и консултација и за сите болнички (лежечки) пациенти кои подлегнале на одредено конзервативно или хируршко лекување со хигиено-диетески режим како секундарна превенција и линија на третман во процесот на рехабилитација и заздравување, и тоа:
- по отстранување на жолчни калкули
- по интервенција на хемороидална болест
- анални фисури и апцеси
- по интервенција на стомачото црево
- по интервенција на улкус на желудник и дуоденум
- по отстранување на матка
- по конизација
- по отстранување миоми
- по отстранување циста
- по ортопедски и трауматолошки интервенции
- по кардиоваскуларни интервенции
- по отстранување на неоплазми и тумори
- по неврохируршки интервенции
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.