fbpx
ОДДЕЛИ

Детска хирургија

Detska hirurgija

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се изведува широк спектар на хируршки зафати кај децата – хирургија на новородено и помало дете,  детска дигестивна хирургија, детска урологија и детска реконструктивна урологија, детска траума, детска торакална хирургија, детска онколошка хирургија, детска пластична хирургија, детска неврохирургија, хирургија на уво, нос и грло кај дете и детска ортопедија. Со отворањето на одделот за кардиохирургија, во болницата се изведуваат и најкомплицираните кардиохируршки интервенции. Благодарение на софистицираната, напредна опрема со која располага болницата, најголем дел од интервенциите се изведуваат со минимално инвазивен пристап преку мал оперативен рез со кој се постигнува помала болка, побрзо заздравување и пократок болнички престој на детето. На одделот се третираат следните состојби:

  • ингвинална кила (хернија)
  • фуникулоцела
  • хидроцела (водена кила)
  • неспуштен тестис (крипторхизам)
  • циркумцизија
  • варикоцела
  • торзија на тестис
  • хирургија на слепо црево (лапароскопска апендектомија)
  • хирургија на тенко црево
  • Макелов дивертикулум
  • Инвагинација
  • Хирспрунгова болест (трансанален pull-through Soave)
  • хирургија на девело црево
  • мезентеријални цисти и лимфангиоми
  • хипоспадија
  • опструктивна уропатија (уретеропиелитична и превезикална стеноза)
  • ендоскопски третман на везикоуретерален рефлукс STING-процедура
  • валвула на задна уретра
  • Wilmsov (нефробластом) тумор
  • Неуробластом
  • хирургија на слезенка
  • хирургија на црн дроб
  • хирургија на панкреас
  • ехинококова циста
  • трихобезоар
  • хирургија на желудник
  • пилорна стеноза
  • гастроезофагијален рефлукс
  • хирургија на дуоденум
  • торакоскопија
  • емпием на плеура
  • лобектомија на бел дроб
  • неонатална хирургија (атрезија на езофагус, атрезија на дуоденум, атрезија на тенко
  • црево, анална атрезија, атрезија на жолчни патишта, екстрофија на мочен меур,
  • гастросхиза, дијафрагмална хернија)
  • вродени цисти и фистули на вратот
  • синдактилија
  • хируршки третман на изгореници
  • фрактури (скршеници) на коски со репозиција под рендген и имобилизација
  • фрактури (скршеници) на долги коски на подлактица, надлактица, потколеница и
  • натколеница со некрвава репозиција и перкутана остеосинтеза
  • минимално инванзивна хирургија