
Доктори во одделот
- Д-р Александар Величковски
- Д-р Азра Куч
- Д-р Билјана Лозановска
- М-р д-р Благоја Велковски
- Д-р Бранка Бунташеска
- Д-р Магдалена Димовска
- Д-р Емилија Мирчевска
- Д-р Емилија Велјаноска Мариноска
- Д-р Јасна Бушиноска
- Д-р Јасмина Крстевска
- Д-р Марија Васиќ-Атанасовска
- Д-р Милчо Мицевски
- Прим. д-р Мирјана Петровска
- Д-р Роберт Домазетов
- Прим. д-р Снежана Поповска
- Прим. д-р Татјана Спировска
Анестезија и Операциони сали

Основен концепт на Одделот за анестезија се професионалност и експедитивност, втемелени на современата медицина, високоедуциран медицински персонал и најсовремена технологија и опрема. Мониторингот и анестезиолошките постапки во целата болница се изведуваат според препораките и стандардите на ASA и ESA со што се овозможува контрола на болката.
УСЛУГИ НА ОДДЕЛОТ
- Предоперативна анестезиолошка проценка
- Администрација на анестезија во сите супспецијалности
- Регионални анестезии
- Акушерска аналгезија и анестезија
- Периоперативната болка
- Третман на акутна и хронична болка
- Грижа за критично болни
Анестезиолошка дејност
1. Консултативна дејност
Пред анестезиолошки преглед за секој пациент на кој му претстои инванзивна дијагностичка или терапевтска интервенција за која е потребна анестезија или оперативна процедура. Целта е да се направи проценка на состојбата, степенот на ризик за пациентот и потребата од предоперативна подготовка.
2. Анестезиолошка дејност
- Амбулантски анестезии – краткотрајни анестезии (потенцирани или целосни) кои се користат за колоноскопии, гастроскопии, цистоскопии, снимања на MRI и CT скенер, ангиографски процедури и процедури во Одделот за ин витро фертилизација.
- Анестезии за еднодневна хирургија – општи и регионални анестезии за оперативни интервенции во Одделот дневна болница кој овозможува пациентите да бидат примени, оперирани и испишани во рок од 24 часа.
- Анестезии во оперативниот блок – сите видови општи, регионални и комбинирани анестезии се користат за планирани или ургентни операции кои се спроведуваат во сите хируршки и гинеколошки одделенија на болницата. При тоа се користат најновите и најбезбедни интравенозни и инхалациони анестетици, како и последните генерации на локалните анестетици за регионални анестезии. Со тоа се обезбедува брзо и пријатно будење по изведената интервенција и доведување на минимум несакани ефекти по анестезијата.
3. Третман на болка
Со нашата тимска работа континуирано се трудиме безбедноста и задоволството на нашите пациенти да бидат на највисоко ниво со што се стремиме да стигнеме до нашата цел – болница без болка.
- Третман на болка кај оперирани и неоперирани пациенти стационирани во болницата (системски, NCA, PCA или регионално).
- Третман на болка кај амбулантски пациенти
- Обезболување (аналгезија) на трудниците во родилниот блок – кај овие пациентки се користат сите регионални техники на акушерска аналгезија (спинална, епидурална и комбинирана епи-спинална), како и техниката на т.н. walking epidural, која не ја ограничува трудницата во движењето.
Сѐ уште го немате пронајдено тоа што го барате?
Имате прашање? Слободно контактирајте нѐ.