fbpx

Ден на медицински сестри: Пофалници за хуманост и за сестри од „Аџибадем Систина“

14.05.2019

 

Признанието најхумана сестра од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го доби сестра Снежана Јовановска на настанот кој беше организиран по повод 5 Мај, Меѓународниот ден на акушерките, и 12 Мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри.

Оваа манифестација е во организација на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ) и е традиционална.

Неделата на медицински сестри со низа настани беше одбележана и во Клиничката болница „Аџибадем Систина”. Гости од странство, посети и предавања, размена на искуства и знаења – беа дел од активностите на сестрите.

Главната медицинска сестра во „Аџибадем Систина“, Билјана Дилевска, вели дека активностите кои се одржале даваат голем придонес кон развојот и унапредувањето на здравствените програми, но и негувањето на здравјето на граѓаните, што е клучна цел на сестрите во болницата. Нашата болница е  пример како треба да се развива сестринството во земјава, поставивме стандарди како во најразвиентие земји.

„Бевме предавачи и на Секцијата на сестри за анестезија каде го претставивме единствениот информативен систем за едукации на медицински сестри во Македонија и начинот на едукации и проверки на знаења на истите. СОС-селото, пак, беше местото каде екипата од Одделот за детски болести на Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’  одржа предавање кое ги опфати сите теми поврзани со правилен раст и развој на децата од различна возраст. Низ разговор и примери се воспостави конекција со децата и згрижувачите и на задоволство на сите беше договорена наредна работилница со која низ стручни совети ќе пробаме да придонесеме за посреќно и побезбедно детство“, вели Дилевска.