fbpx

Делегација од грчката амбасада во Северна Македонија во официјална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“

07.10.2021

Г. Константинос Прокакис, шеф за јавна дипломатија, од грчката амбасада во Северна Македонија денеска оствари официјална посета на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и се сретна со менаџментот на болницата.
Високиот претставник на делегацијата детално се запозна со работата на болницата и со развојните планови. Дополнително му беа презентирани резултатите од работењето на болницата, нејзините капацитети, услови и можности на одделите и специјализираните центри.
При посетата, гостинот беше запознаен дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е прва болница во земјава и поширокиот регион која ја доби престижната акредитација Joint Commission International (JCI). Со добивањето на оваа акредитација се докажа дека во нашата земја може да се работи според светски стандарди, а на пациентите да им се овозможува поквалитетна здравствена услуга и поголема безбедност.