fbpx

Дечињата од градинката „Пиколини“ во посета на „Систина стоматологија“

26.02.2020

Колку заби има во усната шуплина, како треба правилно да се грижиме за нив, но и што треба да се учи за да се стане стоматолог – беа најчестите прашања кои дечињата од детската градинка „Пиколини“ ги поставија до докторите од „Систина стоматологија“. Најинтересно за нив беше можноста да гледаат како се поправаат детските заби и како со камерата се евидентира секоја промена. Дечињата веќе имаа големо познавање на оваа тема при што своите мислења и знаења со радост ги споделуваа со докторите.

stomatologija

Покрај советите за правилно и редовно четкање на забите, докторите ги охрабрија дечињата дека треба редовно да посетуваат стоматолог и советуваа дека грижата за забите почнува веднаш штом се појави првиот заб. За време на посетата учениците имаа можност да ја видат работата во стоматолошката ординација.

stomatologija