fbpx

Д-Р ВЕСНА ПЉАКОСКА, СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН И ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ ПРЕДАВАЧИ НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА IJAC

19.07.2023

Нашиот специјалист по дерматовенерологија, д-р Весна Пљакоска, беше дел од IJAC-конференцијата, новоформирана естетска академија чија цел е презентација на сите новитети и достигнувања во областа на дерматологијата и пластичната хирургија.

Над 30 работилници, курсеви и повеќе од 80 меѓународни предавачи беа дел од настанот, кој се одржа од 14 до 16 јуни во Јордан. Д-р Пљакоска на оваа средба имаше три предавања за ласерски третман на кондиломи, ласерски третман на хиперпигментации и мелазма, како и за третманот на лузни од акни.