fbpx

Д-р Симеонов ја врати насмевката на лицето на Матеа

25.07.2019

Родителите за своите деца ќе направат сè. Подготвени се да поместат и планини за да најдат решение за сите проблеми поврзани со нив и нивното здравје. Така беше и со родителите на осумгодишната Матеа Блажевски. Се родила со вродена аномалија на уринарниот тракт , па од нејзиното раѓање родителите се обидувале да го решат проблемот на својата ќеркичка. Решение барале насекаде, и во земјава и надвор од неа. Единствен доктор кој имал решение и извел успешен оперативен зафат бил детскиот хирург д-р Ристо Симеонов од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Пресреќните родители, но и малата Матеа не ја криеја својата насмевка за благодарност. Тие во јуни го решија долгогодишниот проблем на својата ќеркичка.

Само д-р Симеонов имаше решение за проблемот на нашата Матеа

Постои мит дека децата се плашат од одењето на доктор, но Матеа со радост оди кај својот доктор. Искрената детска насмевка понекогаш е доволна за да ја опише релацијата која со текот на времето се создала меѓу докторот и малиот пациент. Преблагодарна за сè што сторил д-р Симеонов за неа, Матеа го прегрна својот доктор херој.

„Најголемо благодарам за целиот тим на болницата ‘Аџибадем Систина’ и најдобриот детски хируг, д-р Ристо Симеонов. Нашиот д-р Симеонов и вашата болница беа единствените во регионот што ни понудија решение за проблемот на Матеа. Благодарение на вас и вештите раце, се вратија насмевките на нашите лица. Љубезноста, способноста и грижата за пациентите се ваша главна одлика и со тоа престојот во болницата е пријатен и опуштен, како да сте дома. Нашиот д-р Симеонов е единствениот доктор којшто ја работи нашата проблематика, т.е. прави букална мукоза кај стеноза на уретра. Ви благодарам што постоите докторе, Вие и вашата болница“- споделија родителите на Матеа.

Најголемото благодарам е насмевката на родителите по успешната интервенција

Д-р Симеонов, пак, вели дека најголемо благодарам за еден доктор е насмевката и спокојот на родителите по успешно изведената операција. Интервенцијата била тешка и сложена, а особено е горд што за првпат е изведена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Матеа е родена со аномалија на мочниот меур. Претходно поради вродена аномалија направени се неколку операции за реконструкција на карлицата и мочниот меур, а сега пластика на мочен канал. Поради стенозата на мочниот канал, имаше потреба да се направи реконструкција со букална мукоза. Тоа значи се зема парче од слузницата на внатрешната страна на усната шуплина што се користи за реконструкција на мочниот канал, односно се вградува во горниот ѕид на мочниот канал и се спречува понатамошно сраснување“, вели д-р Симеонов.