fbpx

Д-р Петковска е причината поради која сме пациенти во „Аџибадем Систина“

13.12.2019

Хроничен замор, изнемоштеност и глад за воздух – со овие симптоми веќе подолго време се соочувал 63-годишниот Американец Ендру Бонејм, па сплет на околности пациентот со аритмија го донел на Одделот за кардиологија во „Аџибадем Систина“, каде деновиве му беше изведена интервенција – имплантација на траен електростимулатор – двокоморен пејсмејкер.

„Првпат ја запознав д-р Петковска на редовен преглед. Од тој преглед таа стана наша семејна докторка, со задоволство ја препорачуваме на сите свои блиски пријатели. Многу е убаво чувството да имаш позитивен доктор од другата страна на масата и без страв да доаѓаш на лекар. Фамилијарно сите сме воодушевени од нејзината професионалност и топол пристап. Ниту далечината не е пречка за да дојдеме на преглед. Оваа посветеност и грижа што ја добив јас, а и секој пациент кај вас, е многу битна и значајна за секој болен. Ваквиот добар и позитивен однос ми влеваше сигурност и чувство дека сум во сигурни раце“ – објаснува Ендру.

naslovna zlatana

Многу е убаво чувството кога на лекар одиш со насмевка

 

Со насмевка на лицето во болничката соба нè пречека и неговата сопруга. И таа е согласна со нејзиниот сопруг дека го направиле вистинскиот избор. „Со голема љубов утрово направив домашни колачи во знак на благодарност на д-р Петковска и целиот тим на кардиологија. Поради д-р Петковска доаѓаме во ‘Аџибадем Систина’“, открива семејството Бонејм.

„Нејзината професионалност и посветеност ми го олеснуваат престојот во болницата. Моето мислење е дека најголемиот успех една болница ќе го има само ако има вакви професионалци во својот тим. Ако имате потреба од лекување, верувајте дека никогаш нема да погрешите ако ја одберете Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’“ – вели Ендру.

Д-р Петковска вели дека подеднакво се вложува за секој пациент, а на крајот од денот најголемата среќа е задоволен и излекуван пациент.

IMG

„Пациентот подлежеше на дополнителни кардиолошки иследувања, неинванзивни и инванзивни, ехокардиографски преглед и коронарографија, која беше со уреден наод. Коронарографијата ја изведе д-р Христовски, а во консултација со тимот аритмиолози д-р Иван Трајков и-д-р Дејан Ковачевиќ беше поставена индикација за имплантација на пејсмејкер“ – изјави д-р Петковска.

По интервенција, пациентот се чувствува добро, пуштен е на домашно закрепнување со совет за редовни контроли и терапија.