fbpx

Д-Р ПАТРИЦИЈА КАЛАМАРАС ДЕЛ ОД ТИМОТ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

15.09.2020
Patricija Kalamaras
 
Со гордост ви најавуваме дека во тимот на Клиничката Болница „Аџибадем Систина“ како консултант се приклучи и еминентниот  инфектолог д-р Патриција Каламарас. Нејзиното богато искуство е од особено значење за тимот  во нашата болница коj ги  третира  пациентите заболени од  Ковид-19. „Аџибадем Систина“ располага со комплетно кадровски и технолошки опремен Центар за третман на пациенти со Ковид-19.
Центарот е целосно изолиран и одделен од другите оддели во болницата, со цел да се обезбеди максимална заштита за пациентите и медицинскиот персонал.