Д-Р КОРНЕЛИЈА ТРАЈКОВА СО СТРУЧНО-ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА „ПРОБИОТИЦИ И ВАГИНАЛЕН МИКРОБИОМ“

Гинекологот од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ д-р мед. науки Корнелија Трајкова со свое онлајн предавање на тема „Улогата на пробиотиците во одржувањето на вагиналниот микробиом“ зеде учество на стручно-едукативното предавање насловено „Превентивен ефект од диететскиот внес на различни нутриенти на развојот на цервикални преканцерози и канцер и улогата на пробиотиците во одржувањето на вагиналниот микробиом“.
Стручно-едукативното предавање беше организирано од страна на Македонското лекарско друштво (МЛД), Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија (МЗЦПК) и Здружението на приватни матични гинеколози.
Докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ континуирано учествуваат на различни конгреси, симпозиуми и едукативни предавања, давајќи свој придонес преку споделување на богатото искуство во рамки на нивната специјалност. Во таа насока д-р Трајкова пред само неколку месеци со свое излагање беше дел и од првиот онлајн МЛД конгрес, каде акцентот беше ставен и на модерните трендови во дијагностика и третман во акушерството.