fbpx

Д-р Кардарели: Порано се лечеа само најсреќните, сега сите деца со срцеви проблеми во Македонија добиваат шанса

08.09.2020

Марсело Кардарели е еден од докторите кои во 2013 година дошле во Македонија да обучуваат детски кардиохирурзи на повик на Министерството за здравство. До тоа време сите деца со срцеви заболувања се испраќаа на лекување во странство – сите или само тие кои ќе успеале да платат, за жал. Кардарели кој има четиридеценскио кардиохируршко искуство е дел од Инова Медикал груп и сега повторно е овде. Во разговор за Фактор вели дека е добро што работите во земјата почнале да се менуваат. Сега сите интервенции кај деца уште од најмала возраст може да се прават и во Македонија, а најмалите добиваат шанса за живот. 

Кардарели: Ова е моја 20 посета на Македонија од 2014 година, овој пат за да го прославам и споделам отворањето на Одделот за детска кардиохирургија во болницата „Аџибадем Систина“. За мене лично тоа е посебен настан. Уште од мојата прва соработничка посета, можам да укажам на огромниот развој во професионалните способности и квалитетот на достапните установи за децата во Македонија родени со вродени срцеви мани.

AcibademSistina Dr Marselo Kardareli
 За време на нашите 19 посети со престој од 2 недели, со речиси 300 волонтери, бевме сведоци на огромен професионален развој и сега, со отворањето на овие нови капацитети во „Аџибадем“, гледаме дека нашата цел е исполнета. Целосно функционален, најсовремен центар за ексклузивен третман на деца родени со вродени срцеви заболувања во срцето на Македонија.

На секои 1.000 живородени деца, осум се раѓаат со некаква форма на вродена срцева мана. Околу половина од тие деца се дијагностицирани со сериозна вродено срцево заболување, што значи дека доколку не добијат хируршки третман во рок од неколку дена, а понекогаш и неколку часа, тие нема да преживеат до нивниот прв роденден.

До 2013 година, кога нашата организација (Глобална алијанса за срцеви заболувања „Вилијам Новик“) првпат дојде во Македонија под покровителство на Министерството за здравство, во Македонија немаше центри за детска кардиохирургија, а посреќните деца мораа да се испраќаат во странство за хируршки третман. Помалку среќните дури и не стигнаа толку далеку. Економските, социјалните и емотивните трошоци беа огромни за семејствата и за државата.

 

Нашата организација на волонтери пристигна, како и во десетици други земји, со цел да се развие тим од професионалци кои би можеле самостојно да се одржуваат и да запре одливот на пациенти и економски ресурси, а во исто време да се извршуваат сите аспекти на специјалноста детска кардиохирургија во Македонија.

 

AcibademSistina Dr Marselo Kardareli
 

Каков е потенцијалот на овој оддел, според вас? Претендира да биде референтен центар на Балканот, ќе ја добијат ли сега дечињата потребната грижа?

Карадарели: Новиот центар за детска кардиохирургија на „Аџибадем Систина“ не само што ќе го подобри третманот на деца родени со срцеви заболувања во Македонија, туку, исто така, и во регионот. Балканскиот регион има население од речиси 54 милиони жители, но според податоците достапни на Мрежата за кардиоторакална хирургија (CTSNet.org) во моментот се ангажирани само 83 кардиохирурзи за возрасни кои вршат кардиохируршки интервенции кај деца како хонорарна специјалност, додека се посветени на кардиохирургијата кај возрасни како нивна главна специјалност. 

AcibademSistina Dr Marselo Kardareli
 

Вие сте детски кардиохирург, ја опфаќате проблематиката која можеби е и една од најпроблематичните и област која бара подготвеност и стручност. 

Карадрели: Изненадувачки, во регионот на Балканот има само 4 кардиохирурзи кои практикуваат исклучиво детска кардиохирургија и за среќа на Македонија, д-р Чадиковски е еден од нив.Ова е многу важно прашање. Со над 150 потенцијално различни вродени дефекти или нивни комбинации и речиси 170 различни хируршки процедури за лекување на овие дијагнози, можноста да се биде умешен во секој аспект на вродените срцеви заболувања е ограничена на тимови кои се интензивно изложени на комплексноста на тие дијагнози и третмани за време на обуката. Иако некои кардиохирурзи за возрасни се мошне компетентни да се грижат за поедноставните вродени срцеви мани, само исклучиво посветените детски кардиохирурзи се специјално обучени да се справат со најсложените вродени срцеви мани кај новороденчињата и доенчињата кај кои е потребна операција на отворено срце рано во животот и да ги постигнат ниските нивоа на смртност и компликации забележани во денешниот современ свет. Со оглед на овие факти и знаејќи го професионалниот квалитет на членовите на тимот кои ги обучувавме, можам да забележам дека Центарот за детска кардиохирургија на „Аџибадем Систина“ станува вистински референтен центар за целиот балкански регион.