fbpx

Д-Р ИВАНОВСКИ И Д-Р ТРАЈКОВА УЧЕСТВУВАА НА ОНЛАЈН КОНГРЕС НА МЛД ОД ОБЛАСТА НА ГИНЕКОЛОГИЈАТА

12.11.2020

drtrajkovaivanovski

Гинеколозите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ д-р Митко Ивановски од Одделот за асистирана репродукција (IVF) и д-р. мед.науки Корнелија Трајкова од Одделот за гинекологија и акушерство учествуваа во „Првиот онлајн МЛД конгрес 2020“, каде преку свои излагања го пренесоа своето богато искуство и знаење од областа на репродуктивното здравје, гинекологијата и акушерството.

Во своето денешно обраќање на конгресот д-р Ивановски имаше стручно излагање на тема – Значењето на ултразвукот кај асистираните репродуктивни технологии, укажувајќи на важноста од ваквите прегледи.

На конгресот акцент беше ставен и на модерните трендови во дијагностиката и третман во акушерството, каде со свое излагање се вклучи д-р Корнелија Трајкова, која заборуваше на тема „Вагинален микробиом во бременоста“.

Конгресот се одржува во периодот од 10 до 20 ноември во организација на Македонското лекарско друштво (МЛД) и во соработка со Медицинскиот факултет-Скопје, а е поддржан и од Македонската асоцијација на гинеколози- акушери.