fbpx

Д-р Билјана Чонеска-Јованова како модератор на седмиот педијатриски конгрес

03.07.2019

На Седмиот педијатриски конгрес, кој се одржа во Струмица, учествуваше д-р Билјана Чонеска-Јованова од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Таа беше модератор на сесијата за хематологија и онкологија на која се размениле искуства од оваа област.

Темата на која се осврна д-р Чонеска-Јованова е насловена „Полиморфизи на гените вклучени во фолатниот метаболизам и ризикот за акутна лимфобластна леукемија во детската возраст“.

Таа вели дека станува збор за значаен конгрес на кој и овој пат имало искуствено добри презентации. Учествувале доктори од повеќе специјалности во педијатријата, а на сесијата на хематологија и онкологија освен неа свои теми презентирале и други тројца доктори од други здравствени установи во земјава.

Конгресот се одржа од 25 до 28 јуни.