fbpx

Чувај го срцето – „Аџибадем Систина“ нуди седум кардиолошки пакети по единствена цена

01.11.2021

Клиничката болница„Аџибадем Систина“ во рамки на кампањата „Чувај го срцето, направи преглед“ воведе седум промотивни кардиолошки пакети по единствени цени. Во услови на пандемија на коронавирусот и низа здравствени предизвици и постковид компликации, болницата ги нуди овие пакети  по  најконкурентна цена, секој од 6.000 денари. Целта е да им се излезе во пресрет на сите пациенти кои имаат какви било кардиолошки проблеми, но и на сите граѓани кои сакаат да направат превентивен преглед во функција на заштита на сопственото здравје. Тоа е и целта на кампањата – да се подигне свесноста за редовни кардиолошки прегледи.

AS Kardiologija Paketi Final

Во време на раст на кардиолошките болести, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги промовира седумте пакети, сите со неколку кардиолошки услуги кои гарантираат комплетна заштита на здравјето на срцето, кардиолошка превенција, но и прецизно и навремено дијагностицирање на секој кардиолошки проблем.  Во секој пакет практично за единствена промотивна цена се прават сите потребни прегледи.

Во кардиолошкиот премиум пакет е вклучен преглед од доктор кардиолог, но и ЕКГ, ехо и коронарен стрес-тест.

Посебна можност е постковид кардио пакетот. Многумина пациенти кои го прележале Ковид-19 имаат низа кардиолошки проблеми, но исклучително е важно секој по болеста да изврши преглед за да се увери дали е сè во ред. Во постковид пакетот има кардиолошки пакет, ехо, ЕКГ и доплер за ритам.

Коронарниот циркуларен пакет покрај прегледот од специјалист кардиолог вклучува и ЕКГ, доплер К/П и коронарен стрес- тест.

Каротидниот пакет е со вклучен доплер каротиди, а за единствената промотивна цена исто така се добива и кардиолошки преглед од доктор, ехо и ЕКГ.

Една од понудите е васкуларен и церебрален пакет во кој се добива прегледот од кардиолог, ЕКГ, доплер каротиди и доплер на периферни крвни садови.

Пакет за аритмии и пакетот за хипертензија се пакети услуги во кои пациентот добива  кардиолошки преглед со ЕКГ, ехо и доплер.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и овој пат креирајќи ги овие промотивни пакети се става во функција на заштита на здравјето на граѓаните во земјата, но и во регионот. Како најдобра клиничка болница гарантира квалитет, безбедност и прегледи на најсовремена опрема.