fbpx

Благодарница за вработените  во „Аџибадем Систина“ за пожртвуваноста и посветеноста во згрижувањето на повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци

25.04.2019

Лекарската комора на Република Северна Македонија додели благодарници за Итната медицинска помош  на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за вклученоста во згрижувањето и лекувањето на настраданите во автобуската несреќа на 13 февруари 2019 година кај селото Ларскарци, Скопско. За покажаните посветеност, одговорност и солидарност, Комората искажува јавна благодарност на сите доктори кои беа вклучени во оваа акција.

Благодарницата ја додели претседателката на Лекарската комора на Македонија, доц.д-р Калина Гривчева-Старделова, а на доделувањето беа присутни и дел од докторите од сите здравствени установи кои први пристигнале и активно биле вклучени во укажувањето на првата помош на местото на несреќата.

„Аџибадем Систина“ учествуваше со своја логистика. Ги стави на располагање сите свои капацитети за лекување на повредените во несреќата, без никаков надомест.  Вклучени  беа  сите човечки, експертски (стручни), технички и капацитетите во најсовремена опрема,  за сите повредени. Ургентниот центар на болницата под раководство на д-р Михајло Ивановски уште веднаш прати три возила до местото каде што се случи несреќата за да се хоспитализираат повредените кои се возеа во автобусот.