fbpx

БИОХЕМИСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Е СИНОНИМ ЗА ВРВНА ЛАБОРАТОРИСКА ДИЈАГНОСТИКА

26.02.2019

Биохемиската лабораторија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најсофистицирана опрема за изработка на анализи од сите области на клиничката хемија, и тоа во најкраток можен рок и со висока стручност и прецизност. Тоа го овозможува и вмреженоста на сите апарати во еден информациски систем кој дополнително, освен прецизноста, гарантира и точност во работата, но и брзина во издавање на резултатите.

„Анализите се работат од примарен примерок на крв  и преку баркод, со што се постигнува полна автоматизација и контрола на аналитичкиот процес, а можноста за грешка (човечки фактор) се сведува на минимум“, вели  д-р Виолета Дирјанска-Филипче, специјалист по медицинска биохемија.

Д-р Филипче вели дека лабораторијата има за цел да обезбеди професионална и разновидна лабораториска дијагностика на сите на кои таа им е потребна, како на амбулантски пациенти, така и на пациенти кои се хоспитализирани во болницата.

„Програмата на анализи опфаќа над 500 параметри што се користат за воспоставување дијагноза или за следење на текот на болеста  и применетата терапија. Персоналот, во кој се вклучени еден доктор специјалист по медицинска биохемија, четири биолози и дваесет и еден лаборант, се држи до добра лабораториска пракса трудејќи се секогаш да даде навремена и квалитетна услуга. Високите стандарди се одржуват по пат на континуирано информирање и усовршување на вработените со следење на развојот на клиничко-биохемиската  дијагностика и воведување современи методи на испитување. Зад нас, котинуирано стои лабораторијата „Лабмед“ од Истанбул  со која соработуваме постојано, особено за ретки генетски испитувања, како и други ретки бихемиски анализи. Лабораторијата е под континуирана надворешна контрола и е  акредитирана според ИСО 15189“, вели д-р Филипче.

Одредувањето на  параметрите  од областа на клиничката хемија, имунохемија, хематологија, серологија се изведуваат на современи анализатори од реномирани светски производители.

Визијата на лабораторијата е да биде препознаена на пазарот по специфичната програма на квалитетни услуги од сите области на клиничката биохемиска дијагностика, со репутација  што се препознава со стручнност, брзина, способност, квалитет и во секој момент може да одговори на барањата на пациентите.

„Се обидуваме да изградиме име кое ќе претставува синоним за лабораториска дијагностика“, додава д-р Филипче.

Инаку, лабораториската дијагностика претставува важен фактор во медицината кој  заедно со другите дијагностички показатели дава објективни информации за здравјето на секој поединец. Лабораториските испитувања имаат и значајно место во процесот на следење на болеста  како и следење на ефикасноста на применетата терапија. Во интерес на превенција, препорака е лабораториските тестирања да се прават на секои 6 месеци и кај здравата популација.