fbpx

Бесплатни прегледи на бенки во месецот на меланом

31.05.2018

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, по повод месецот на карциномот на кожа, меланом, овозможи 100 бесплатни прегледи на бенки. Прегледите ги изведуваше тимот дерматовенеролози со помош на најсовремениот дерматоскоп Mоle Max HD, со кој се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карциномот на кожа. Со цел да се подигне свесноста на населението за редовен и ран преглед на сомнителните бенки, оваа акција традиционално се одбележува секоја година во „Аџибадем Систина“.