fbpx

Бесплатна проверка на бенки

13.05.2015

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, по повод месецот на меланома, на 16.05.2015 (сабота) ќе организира бесплатни прегледи на бенки. Прегледите ќе се изведуваат на најсовремениот дерматоскоп Mall Max HD, со кој се овозможува прецизен скрининг и рана дијагноза на карцином на кожа.

Прегледите ќе се изведуваат на одделот за дерматологија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ , а сите заинтересирани граѓани бесплатниот преглед ќе можат да го закажат на тел. 02 3099 500.