fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СО ПРЕМИУМ СПОРТ ЦЕНТАР СПОНЗОР НА УШТЕ ЕДЕН ТЕНИСКИ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР

27.09.2021

Премиум спорт центарот за здрав живот и физикална рехабилитација при Клиничката болница „Аџибадем Систина“ повторно е партнер и спонзор на тениски настан кој го организира Тениската федерација на Македонија. Во периодот од 26 септември до 3 октомври годинава на терените на Тенискиот клуб Југ од Скопје ќе се одржи турнир кој е дел од календарот на Интернационалната тениска федерација (ИТФ). Турнирот е дел од Светската турнеја (World Tennis Tour) и е со награден фонд од 25.000 американски долари. Премиум спорт центарот е единствен од ваков тип во регионот и е уникатен поддржувач на здравиот начин на живот за сите граѓани. Партнерството на настани од ваков тип е потврда за тие определби и заложбата на „Аџибадем Систина“ за грижата и општествената одговорност.

tenis

Од ТФСМ информираат дека на првиот турнир ќе учествуваат 64 тенисери од кои 36 во квалификациите кои ќе играат за 8 позиции во главниот турнир и 28 тенисери кои директно ќе влезат во главниот турнир.

На турнирите ќе учествуваат тенисери од 19 држави – Аргентина, Австралија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Франција, Велика Британија,Германија, Грција, Италија, Јапонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Турција, Украина и Македонија.

Од нашите тенисери во главниот турнир учествуваат Горазд Србљак, Калин Ивановски и Стефан Мицов, додека во квалификациите ќе учествуваат Томислав Јотовски, Берк Бугариќ, Димитар Грабул, Обрад Марковски, Иван Манасов, Бесир Дургути, Шендрит Деари, Фидан Агуши, Филип Стојановски и Борјан Стефановски, кои ќе се борат за влез во главниот турнир.

tenis
 „Аџибадем Систина“ за време на натпреварите ќе се вклучи и со дополнителна медицинска поддршка и ќе обезбеди доктори и физиотерапевти кои во текот на натпреварите ќе пружат медицинска грижа за тенисерите.

Оваа поддршка е континуитет  во соработка со Тениската федерација на Македонија, а претходно, летово Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше главен спонзор на Дејвис купот кој се одржа во земјава и други два меѓународни настани кои се дел од календарот на Интернационалната тениска федерација (ИТФ турнири) и припаѓаат на Светската турнеја (World Tennis Tour).

tenis