fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОРГАНИЗИРА ДОНАТОРСКА АКЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

09.02.2023

Вработените во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ организираа хуманитарна акција за донирање на парични средства наменети за луѓето погодени од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сиријa.

Кутии за донација беа поставени на неколку локации во болницата, а акцијата наиде на голем одѕив од страна на вработените.

Медицинскиот персонал е познат по својата несебична хуманост, па со оваа донаторска акција уште еднаш покажа дека хуманоста е негова силна страна, а Клиничка болница „Аџибадем Систина“ како општествено одговорна компанија со оваа акција одлучи да им помогне во овие тешки моменти на жртвите од Турција и Сирија.