fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ОДБЕЛЕЖУВА 11 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

07.04.2021

godini AS Kreativa

Пред 11 години на Светскиот ден на здравјето – 7 Април, „Аџибадем Систина“ ги отвори вратите и стана првата приватна клиничка болница во земјава, а со текот на годините прерасна во најголема и најмодерна приватна здравствена установа. Веќе 11 години „Аџибадем Систина“ континуирано расте и се развива поставувајќи нови стандарди во здравството преку врвна грижа за пациентите, најсовремени протоколи во лекувањето и примена на најсофистицирана медицинска технологија. Болницата е дел од најголемата групација на болници во Југоисточна Европа „Аџибадем“ и дел од малезиската групација IHH, што гарантира високи стандарди во лекувањето и имплементација на сите најсовремени технологии и методи во медицинскиот третман.

Во изминатата година „Аџибадем Систина“ значително ги зголеми своите капацитети и се прошири за над 5.000 метри квадратни. Отворена е комплетно нова и најсовремено опремена Педијатриска болница со хоспитален оддел, поликлинички педијатриски и неонатален оддел и 24/7 ургентен центар, единствена од ваков тип во регионот. Пред една седмица вратите за посетителите ги отвори и Premium Center, опремен со најсовремени ординации и апарати за физикална терапија, спорстка рехабилитација и корективни вежби, нутриционистичко советувалиште, парна бања, финска сауна и две ВИП-соби за масажа. Сместен на приземје, Premium центарот работи според строги ковид-протоколи и располага со природна вентилација. Во екот на пандемијата со Ковид-19 изминатата година „Аџибадем Систина“, како врвна и докажана здравствена институција, активно се вклучи и во справувањето со коронавирусот и отвори Инфективен оддел со дневна болница наменет за ковид-пациенти, направен и опремен по сите светски стандарди за лекување и третман на инфективни болести.

Проширувањето на болничките капацитети услови и со зголемување на бројот на вработени, па така за само една година нашиот врвен, стручен и професионален тим се прошири со над 100 нови вработувања сè со цел навремена и целосна здравствена грижа за пациентите. Над 1.000 вработени, од кои 160 врвни и еминентни доктори и 370 медицински сестри, секојдневно се грижат за здравјето на нашите пациенти. Во болницата во годините зад нас се бројат низа иновации кои претставуваа револуционерни достигнувања не само во нашето функционирање како болница туку и во функционирањето на целиот здравствен систем. Во „Аџибадем Систина“ беше вградено првото вештачко срце во земјава, за првпат се изведе промена на пол и беше зачнато првото бебе со ин витро процедура.

Придржувајќи се до највисоките стандарди на професионализам, етика и лична одговорност, во изминатите 11 години докажавме дека сме достојни и ја заслужуваме довербата што ни ја даваат нашите пациенти. Доказ за тоа се над 110.000 изведени хируршки интервенции, околу 800.000 реализирани прегледи, над 18.000 новородени бебиња, 600.000 пациенти кои ни го доверија своето здравје.

Освен што е најголема и најмодерна приватна болница во земјава и регионот, „Аџибадем Систина“ е и првата болница во Македонија акредитирана уште во 2016 година од престижната Joint Commission Internatoinal и реакредитирана во 2019 година потврдувајќи ја квалитетната и континуирана безбедна и врвна медицинска грижа за пациентите.

Особено сме горди што во годината зад нас болницата се ширеше и надвор од границите и влезе во здравствениот сектор во Србија. Имено, на крајот на минатиот месец преку својата подружница „Аџибадем Сити клиник“, која е субјект за поддржување на инвестициите на ,,Аџибадем“ во Источна Европа, беа заокружени преговорите за аквизиција на 70 отсто на српската групација „Бел Медик груп“ со своите подружници.  Ова проширување е огромен успех за ,,Аџибадем“ и ,,Аџибадем Систина’’ во нивното делување во регионот. За потсетување, во 2016 година Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ преку ентитетот ,,Аџибадем Сити клиник’’ учествуваше во преземањето на најголемата приватна здравствена установа во Бугарија, болницата „Токуда“, заедно со нејзините подружници „Токуда груп“ и потпишаа договор за спојување со „Сити клиник“, кој тогаш беше втор здравствен оператор во Бугарија.

Она што можеме да ветиме е дека и во иднина заеднички, посветено и напорно ќе работиме, воведувајќи нови технологии, процедури и светски трендови, со цел врвните здравствени услуги да ги донесеме сè поблиску до нашите пациенти – бидејќи за животот се работи!