fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НАПРАВИ МАСОВНО ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19 НА ФУДБАЛЕРИТЕ ОД КЛУБОВИТЕ ОД МАКЕДОНСКАТА ПРВА ЛИГА

24.06.2020

AS Fudbaleri

Мобилната медицинска екипа на „Аџибадем Систина“ во соработка со Синдикатот на фудбалери на Македонија изведе организирано тестирање за Ковид-19 во 11 фудбалски клубови низ Македонија. Во едномесечната акција направени се вкупно 387 молекуларни PCR-тестови на фудбалерите, стручниот штаб и раководните лица.

Во рамките на тестирањето, опфатени беа клубовите од македонската Прва лига – ФК Вардар, ФК Борец, ФК Шкендија, ФК Ренова, ФК Академија Пандев, ФК Работнички, ФК Македонија Ѓорче Петров, ФК Брегалница Штип од второлигашите и ФК Росоман и ФК Слога Виница од третолигашите.

Земањето на примероците се изведе во просториите на фудбалските клубови од страна на мобилна медицинска екипа на болницата, а притоа беа почитувани сите безбедносни протоколи за заштита од коронавирусот.

По спроведените тестирања, Синдикатот на фудбалери и сите фудбалски клубови изразија голема благодарност до „Аџибадем Систина“ и тимот кој учествуваше во тестирањето за професионалноста и ажурноста при соработката.