fbpx

„Аџибадем Систина“ ја развива детската хирургија, за д-р Ристо Симеонов условите за работа се на светско ниво

18.01.2019

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од сега ќе се врши широк спектар на хируршки зафати кај децата. Детската педијатрија добива сериозно хируршко одделение, а негов дел е и познатиот и докажан хирург  д-р Ристо Симеонов. Тој вели дека детската хирургија во „Аџибадем Систина“ сега ја опфаќа целокупната патологија во третманот на хируршки болести од општа детска хирургија.

„Неонатална или новороденечка хирургија, урологија, детска траума, детска торакална хирургија, детска онколошка хирургија, детска пластична хирургија, минимален инванзивен третман, лапароскопија, цистоскопија и тораскопија. Ова се новитети што во ‘Аџибадем Систина ‘ќе се покриваат, покрај тие кои веќе се правеле, а тоа се интервенциите на кила, слепо црево и неспуштен тестис. Сега спектарот е поголем. Досега посериозни интервенции се извршуваа само на детската државна клиника, ние продолжуваме овде“, вели д-р Симеонов.

Дециден е дека ова докажува оти „Аџибадем Систина“ е на врвот на здравствената заштита која ќе биде на завидно ниво со покриеност на целата патологија на детската хирургија.

„Условите за работа се на едно светско ниво, а овде зборувам за стандардите на хоспитализација, стандарди на операциски сали, стандарди на опрема што се користи. Во секое време достапен е секој потрошен хируршки материјал во однос на ендоскопски третман, лапароскопија, цистоскопија или тораскопија. А тоа се услови што ги заслужува најмалиот пациент, детето“, вели докторот.

Тврди дека е јасно дека „Аџибадем Систина“ е лидер во регионот, и не само што е најдобра во земјава туку е конкурентна и во регионот, во Србија, Косово, Албанија…

Тенденцијата во детската хирургија  е минималната инванзивна хирургија

Инаку, тенденцијата во детската хирургија е минимално да се употребува инванзивна хирургија, лапароскопија, некрвава репозиција со перкутана остеосинтеза кај фрактури на коска, цистоскопија, третман на  камен во бубрег и уретерален канал со ласер. Тоа, вели Симеонов, резултира хоспитализацијата да трае пократко, а интервенцијата да е побезболна, не се употребуваат многу антибиотици и аналгетици.

„Сето ова значи практично побрзо враќање на младиот човек, на детето, во секојдневниот живот. Тоа е олеснителна околност за родителите, особено за мајката затоа што таа секогаш е придружник на детето за време на третманот или болеста што ја има“, вели д-р Симеонов.

Тој вели дека најчести проблеми кои се решаваат во детската хирургија се килата и неспуштен тестис. Од акутните состојби, воспаление на слепото црево инвагинација, акутен скротун,  од детската урологија се опструктивните уропатии, а од абдоменалната хирургија се интервенците на дебелото и тенкото црево, слезинката, желудникот и хранопроводот. Од неонатална хирургија, атрезии на езофагус, дуоденум,тенки црева, анални атрезии, атрезија на црн дроб, дијафрагмална хернија.

Доктор Симеонов инаку е единствениот детски хирург кој прави трансплантација на бубрег кај деца, а „Аџибадем Систина“ има услови, ресурси и тим кој може да го спроведе овој интервентен џин, односно трансплантацијата на бубрег.

Многу е важно што сега во Клиничката аболница „Аџибадем Систина“ ќе се применува и онколошката хирургија кај деца. Доктор Симеонов ќе соработува со д-р Билјана Чоневска со која имале одлична соработка на детската клиника. Кај онколошката хирургија најчест е туморот на бубрег, на надбубрежна жлезда  и тератомите.

„Во вакви случаи, многу е важна соработката со педијатрискиот онколог за да се направи проценка дали треба да се оди со терапија или директно на хируршка интервенција. Ако се работи за големи тумори, тогаш се почнува со хемотерапија, за туморот да се намали за подоцна тој да биде хируршки отстранет.  Ние во ‘Аџибадем Систина’ сме подготвени да ја опфатиме целокупната онколошка патологија кај детската возраст, односно јас како детски хирург да ги направам сите хируршки интервенции за отстранување на малигни или бенигни тумори кај детската возраст“, вели д-р Симеонов.