„Аџибадем Систина“ и спортот
Како здравствена институција која е лидер во превенција и третман на спортските повреди Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја дава максималната медицинска поддршка на македонските спортски клубови и репрезентации. Со цел да придонесеме за успехот на екипниот спорт, во функција на нашите врвни спортисти достапен е целокупниот медицински кадар на „Аџибадем Систина“. Нашата цел е со професионалната медицинската поддршка да придонесеме за нови позитивни резултати кои ќе го зголемат чувството на национална гордост.
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СТАНА ОФИЦИЈАЛЕН МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ потпиша договор за спонзорство со Македонската кошаркарска федерација. Како здравствена институција која е лидер во превенција и третман на спортските повреди, болницата со сите свои ресурси ќе се грижи за здравјето на играчите од машката и женската сениорска репрезентација како и од младинските кошаркарски репрезентации.
Ракометен клуб „Вардар“ – мажи
Ракометен клуб „Вардар“ – жени
Фудбалски клуб „Вардар“
Кошаркарски клуб „МЗТ Скопје“
Скопски Маратон
Историски успех за сите нас
Како официјален медицински партнер на Ракометниот клуб „Вардар“ ја честитаме победата и освоената титула во Лигата на шампионите. Горди сме на успехот на најтрофејниот ракометен клуб на Р Македонија, кој докажа дека можеме да бидеме рамо до рамо со светските ракометни велесили.
Успехот на Вардар е успех на сите нас и голем историски успех за Македонија. Ни претставува чест што сме дел од тимот кој покажа професионалност на спортскиот терен и донесе радост и национална гордост.
Како долгогодишни поддржувачи на ракометот и на македонскиот спортски бренд „ВАРДАР“ сме имале можност да бидеме сведоци на голем број спортски успеси. Но, шампионската титула е најголемото достигнување што можеше да им се случи на спортски план на Р Македонија и на љубителите на македонскиот ракомет.
Упатуваме искрени честитки до целокупното раководство на РК „Вардар“ и до целиот тим. Искрено се надеваме дека овој тим и во иднина ќе го оправда епитетот европски шампион и ќе носи нови победи!
„Аџибадем Систина“ дел и од Женска трка

Аџибадем Систина на ревијалниот натпревар Работнички-Фенербахче
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше дел од поддржувачите на пријателскиот натпревар кој се одигра помеѓу кошаркарскиот клуб Работнички и актуелниот европски вицепрвак Фенербахче. Овој натпревар се одигра по повод 70-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб Работнички.
„Аџибадем Систина“ официјален партнер на Скопски маратон
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од оваа година е дел од официјалните партнери на Скопски маратон. Како активни поддржувачи на општествените активности нашата главна цел е поддршка и промоција и на спортот и спортските активности. Ни претставува гордост што сме бевме дел од најмасовната спортска манифестација на која учество земаа повеќе од 7000 натпреварувачи од 45 земји.
Индивидуални спортови
Илина Арсова
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше верен пријател и поддржувач во мисијата на Илина Арсова, првата жена Македонка која се искачи на Монт Еверест. Со неа го освоивме и најголемиот успех освојувајќи го највисокиот врв во светот, Монт Еверест.