fbpx

„Аџибадем Систина“ ги исцртува стандардите како треба да функционира сестринството

10.01.2019

Хиерархија која е независен столб на сестринството во Клиничката болница Аџибадем Систина го разликува овој болнички сегмент од другите кои функционираат во останатите приватни и јавни здравствени установи. Во Аџибадем Систина секоја од сестрите прецизно знае кои се нејзините обврски, до каде се нејзините ингеренции. Квалитетот на комуникација е на високо ниво, а процесот на едукација е постојан, вели Ленче Спасовска, главна сестра на одделот за кардиологија и интерни болести во Клиничката болница Ацибадем Систина. Таа е дел од претседателството на кардиолошкото здружение на медицински сестри на државата.

На работна средба која се одржа на почеткот на декември, во својата презентација со интигрантен наслов „Тајните на сестринството„ Спасовска ги изнесе клучните поенти на функционирање на сестринството во Клиничката болница Аџибадем Систина, но и во земјава пред сестри и гости од целата државата.

„Кај нас се е презицирано кој какви обврски има и до каде одат неговите ингеренции. Има  квалитетна и на високо ниво комуникација, а зборував за „JCI„ стандардизација, за континуирарана  едукација на сестрите што за другите е навистина нешто ново.  Јас после тоа имав комуникација со многу сестри, кои ме побараа преку социјалните мрежи и ми поставуваа прашања на конкретни теми. Ние во државата имаме сестри кои се поставени на позиции а притоа не знаат кои се нивните надлежности и работни обврски. Таму зборував, тврдам, доста важно е дека треба да има евалуација на персоналот. Некаде допрва ќе почне со воспоставување на такви контролни механизми, како и ние што на почетоткот ги сфаќавме како баук“, вели Спасовска.

Современата медицинска сестра е суперхерој во акциски  филм

Таа вели дека сестрите заеднички мора да ја промовираат својата работа и да ја доведат на место каде што припаѓа. Нема дилема кога вели дека сестринството е апсолутно една макотрпна работа. Комуницираат и со сестрите од државното здравство и учат едни од други. Сепак, Спасовска е децидна дека од условите за работа зависат и стандардите кои можат да се имплементираат.

Спасовска дефинитвно, признато е успешна медицинска сестра, а има интересен пристап во објаснувањето на нивната професија.

„Современа и успешна медицинска сестра не само што треба да биде стручна и хумана, таа треба добро да комуницира за биде тимски играч, да биде аналитичар. Треба да истражуваш, да бидеш храбар. Таа е суперхерој во акциски филм, вели Спасовска.

Таа работи во Клиничката болница Аџибадем Систина од 2010 година. Вели дека слободата на процесот на креирање во своите задачи ја прави оваа болница  единствена. Таа слобода, вели Спасовска ја прави оваа Аџибадем Систина уникатна и успешна.

„Јас сум влубена во својата професија. За мене успешен ден е кога сите ќе си заминат дома среќни  и насмеани. Не само пациентите туку и персоналот со кого работам. Постојано им велам дека на колегите дека не треба да бидат во грч додека се на работното место. Само така може да се даде 100 отсто од себе. Јас бев на најфреквентните места медицинска сестра и тоа секогаш, децидна е сестра Спасовска.

Сигурна е дека ова е патот за да ја унапредат професијата и дека во Аџибадем Систина тоа функционира на беспрекорен начин.