fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – ЕДИНСТВЕНА БОЛНИЦА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН КОЈА Е ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА КАРДИО-ТОРАКАЛНА ХИРУГИЈА

04.02.2022

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена болница во Западен Балкан која е дел Европската асоцијација за кардио-торакална хирургија (EACTS-QUIP), каде што членуваат најпрестижни здравствени центри во Европа. EACTS-QUIP е асоцијација која континуирано ги мониторира и анализира резултатите и методологиите на болниците кои се нејзини членки, а овие податоци официјално им се достапни на сите пациенти.

Проф. д-р Милан Милојевиќ, претседател на комитет за клинички упатства во EACTS и консултант за „Аџибадем Систина“, објаснува дека членството на нашата болница во оваа асоцијација значи препознатливост на одлични резултатите и континуирано напредување во третманот и лекувањето на кардио-васкуларните пациенти.

„Ова е најголема кардиохируршка асоцијација во светот, програма во која учествуваат над 80 центри од претежно Западна Европа, а „Аџибадем Систина“ е единствена болница на подрачјето на Западен Балкан. Клучот за напредок во сите полиња на медицината е токму размената на искуства и стратегија за помош на пациентите а членството во оваа програма за квалитет дава можност да имаме увид во резултатите на сите другите центри и меѓусебно да разменуваме искуства кои ќе дадат подобри резултатите. Па затоа, сметам дека е привилегија за пациентите во земјава и регионот да знаат дека се лекуваат во болница која ги задоволува најдобрите европски стандарди за квалитет и безбедност“ – објаснува проф. Милојевиќ.

Acibadem Eacts Sistina
 

Проф. д-р Александар Николиќ, шеф на одделот за адултна кардиохиругија, веќе неколку години е дел од научниот одбор и активно партиципира на сите конференции кои ги организира EACTS, а неговите трудови се објавени во специјализираното списание, кое е едно од најреномираните списанија од областа на кардиоваскуларната и торакална хирургија.

„Со гордост можеме да споделиме дека ‘Аџибадем Систина’ е меѓу првите болници во Европа која најбрзо по операција ги испишува пациентите, а тоа е така бидејќи нудиме современа нега и пациентите најбрзо заздравуваат и закрепнуваат. Партиципацијата во оваа програма е голема привилегија, но и голема обврска која бара секојдневна работа и посветеност на целиот тим. Овој печат и потврда за квалитет значи многу за нашите пациенти, тие да знаат дека доаѓаат во проверена болница, со проверени резултати. Секоја болница не може да биде дел од оваа асоцијација, може само да партиципира, но мора да има квалитет во резултатите за да биде прифатена. Нашите резултати од работата се официјално објавени, имаме одлични резултати и секој пациент може да ги погледне и да види дека ‘Аџибадем Систина’ е единствена болница од поранешна Југославија и среден Балканот која партиципира во овој програм. Со ова докажуваме дека сме на врвот и работиме постојано за да обезбедиме квалитетна услуга за нашите пациенти“ – објаснува проф. Николиќ.

Одделот за кардиохирургија во „Аџибадем Систина“е изграден според најсовремени светски стандарди и во својата работа нуди професионален пристап во негата на пациентите со цел да се одговори, со врвна здравствена нега, на специфичните потреби на сите категории пациенти. Интервенциите кои се изведуваат на овој оддел се бесплатни за осигурениците на ФЗОРСМ.