fbpx

„Аџибадем Систина“ доминираше на скопскиот маратон: Добра енергија, добри резултати

08.05.2019

Скопскиот маратон станува убава традиција, а секоја година сè поголем број учесници го збогатуваат впечатокот дека Скопје е домаќин на извонреден настан, на инспирирани спортисти, граѓани. Годинава учествуваа рекордни над 12.500 учесници, а тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше еден од најбројните.

Имено, од „Аџибадем Систина“ на „Визер скопски маратон“ учествуваа 31 вработен. Сите со голем успех, повеќето имаа одлични постигнувања во силна конкуренција.

Десетмина од учесниците од нашата болница трчаа полумаратон долг 21 километар додека 21 вработен ја истрчаа трката од пет километри. Според официјалните бројки, меѓу тие кои истрчаа 21 килoметар најдобро време имаа д-р Ален Јовчевски, кој трката ја завршил за 01:55:44 часа, додека д-р Kорнелија Трајкова за 02:10:25 часа.

Најдобро време на 5 километри имаше Емре Демирџи, кој истрча за 29:43 минути, додека Јехона Абазаи помина за 32:47 минути.

Нашите вработени доминираа на трката, а беа препознатливи по маичките на Систина running team. Следната година се очекува бројот на учесници на трката да биде барем двојно поголем.