fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДОБРОТВОРЕН БАЗАР

17.06.2019

Клиничката болница „Аџибадем Систина” и оваа година беше дел од Меѓународниот добротворен базар во организација на „Добредојде“ Macedonia Welcome Center – DMWC. Овој базар шест години традиционално се одржува на 1 јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето.

 

Во Градскиот трговски центар на повеќе од 20 штандови се промовираа и продаваа производи и сувенири од земјите на дипломатските претставништва во земјава и други меѓународни организации. Целта на настанот е подигнување на свеста и финансиска поддршка за потребите на ранливите групи на деца во Македонија. Оваа година собраните средства ќе бидат донирани во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Скопје.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ веќе неколку години по ред како поддржувач е дел од оваа хуманитарна акција и пријател на настанот. Организаторите на нашата болница ѝ доделија сертификат за вклученоста во оваа хумана мисија.