fbpx

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДЕЛ ОД ГОДИШНАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАГО

22.05.2024

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше еден од главните поддржувачи на конференција „Здравјето во фокусот на жената“. Конференцијата со меѓународно учество се одржа од 17-19 мај, по повод неделата на женско здравје, а е во организација на  Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.

Покрај домашни предавачи, на конференцијата излагачи беа докажани гинеколози-акушери од Шведска, Хрватска, Германија, Грција, Словенија, Турција и Малта. Преку бројни предавања, симпозиуми и работилници беа пренесени новитетите во превеницја, дијагноза и третман на гинеколошките заболувања.

На тридневниот стручен настан беа присутни гинеколошко-акушерскиот тим на „Аџибадем Систина“, а стручно излагање имаше д-р Младен Ристески, гинеколог-акушер, на тема „Женскиот миркобиом како фактор во репродуктивната медицина“.