fbpx

51 крвна единица собрани на крводарителската акција во Клиничка болница „Аџибадем Систина“

19.06.2020

naslovna

По четврти пат годинава успешно е реализирана уште една крводарителска акција во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, а спроведена со општинската организација на Црвен крст – Карпош и Институтот за трансфузиона медицина.

На оваа акција уште еднаш е покажана и докажана хуманоста на вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, бидејќи во околности на дејствување со заштита од коронавирусот сепак крводарителите несебично се одзваа во голем број и даруваа 51 крвна единица.

За време на крводарителската акција се почитуваа сите мерки и безбедносни протоколи за комплетна заштита од SARS-CoV-2 вирусот. Крводарителите беа поделени во групи со цел одржување физичко растојание и задолжително носеа лична заштита на лицето, заштитна маска.

Во претходните крводарителски акции, покрај вработените од „Аџибадем Систина“, свој придонес дарувајќи крв дадоа и вработените од „Орка холдинг“.