Новини во развој на детска интервентна кардиологија

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ потпиша договор за соработка со Универзитетската клиника за детска хирургија. Ова претставува историска и прва соработка помеѓу јавното и приватното здравство за развој на детската интервентна кардиологија. Како резултат на ваквата соработка, докторите од двете клиники заеднички ќе работат на третман на деца со вродени срцеви аномалии. Во овој проект се вклучени и доктори од Универзитетската клиника за детска хирургија и кардиохирургија „Тиршова“ од Белград, со кои заедно досега успешно се направени неколку инванзивни интервентни кардиолошки процедури кај бебиња и деца.

Успешно третирани неколку бебиња

Изминатиов период успешно беа третирани неколку бебиња со вродени аномалии на срцето. Кај нив се изведени следниве процедури: срцева катетеризација, балон дилатација на коарктација на аорта (стеснување на аорта) и балон валвулопластика. Кај две и полгодишно дете е поставен и електростимулатор преку венски пристап. Соработката помеѓу овие две институции ќе продолжи и во иднина и ќе се надгради со нови процедури.

Годишно 250 деца се раѓаат со срцеви аномалии

Според статистиките, годишно во Р Македонија со вродена срцева маана се раѓаат 250 деца, а дури половина од овие деца имаат потреба од интервенција. Кај 70% од овие случаи интервенцијата мора да биде изведена во првите 6 месеци од животот. Со воведувањето на овие интервенции децата и бебињата од Македонија, за лекување нема да патуваат надвор од земјава. Со отворање на овој современ центар ќе се третираат вродени срцеви аномалии кај оваа најосетливата популација. 

Предности на интервентни кардиолошки процедури

Денеска сè поголем број вродени срцеви болести се лекуваат со интервентна кардиологија. На овој начин дел од хируршките интервенции кои се инванзивни се  заменуваат со интервентни кардиолошки процедури. Со помош на специјални катетери преку вените се влегува во артериите и се доаѓа до срцето, каде се затвораат отвори на срцето и се прават одредени зафати на проширени крвни садови, корекции на срцеви залистоци и многу други процедури. Ова за бебињата и малите дечиња значи помала траума и побрзо заздравување во споредба со класичните интервенции каде е потребно отворање на градниот кош. 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин


 Acibadem Sistina Fotogalerija


 acibademsistina bitola galerija


gurs banner


Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library