Релацијата доктор-пациент за мене беше најбитна

Pantelie Pance Kocovski 1

Уште пред десетина години се наговестуваше и наслушуваше дека ќе се гради и формира приватен клинички центар со амбиции да прерасне во најсовремена медицинска институција во Р Македонија. Потоа наслушнав дека некои познати имиња од областа на медицината преоѓаат „Аџибадем Систина“.

Дел од лекарите и медицинскиот персонал ги познавав лично. На тој начин, паралелно со градбата на објектот и техничкото опремување, „Аџибадем Систина“ се опремуваше и кадровски. Полека, на моменти многу интензивно сонот се претвораше во вистина. Во оваа институција за првпат влегов пред 6 години при посета на моја другарка пациент на хируршкото одделение. Впечатокот беше воодушевувачки. Од фоајето на влезот па сè до собата каде беше сместена по операцијата сè беше налик на клиничките центри дел од европските земји каде што сум имал можност да влезам и да посетам некој мој пријател или роднина на лекување.

Никој не можеше подобро

Мојата прва средба со д-р Оливер Бушљетиќ се случи во април 2011 година кога добив миокарден инфаркт, и кога итно бев пренесен во болница. По сите потребни подготовки и многу значајната психолошка поддршка од страна на д-р Оливер Бушљетиќ, зафатот со вградување на 2 стента беше многу успешно реализиран, на што ќе рече д-р Котески, со кого се знаев од порано:„Кој било од нас, колегите, да го правеше овој зафат не ќе можеше да го направи подобро и поквалитетно.“

По релативно кусо време д-р Оливер Бушљетиќ прејде во оваа клиника и, се разбира, каде оди тој таму одам и јас, не испуштајќи ги неговите редовни квалитетни контроли и совети. Каде и да одам, каде и да се наоѓам, за каков било потребен совет ги користам телефонските комуникации со мојот сега веќе матичен кардиолог.

Pantelie Pance Kocovski 2

Пријателство доктор-пациент

Од пред две години и мојата сопруга по еден помал кардиолошки инцидент стана пациент на д-р Бушљетиќ. Минатата година поради добиена аритмија, по прегледот останав на 24-часовно лекување во „Аџибадем Систина“. Бев сведок на голем дел од квалитетните услуги кои им ги пружаше овој персонал на пациентите. Шестгодишните многу квалитетни комуникации со д-р Оливер Бушљетиќ си го сторија своето. Сосем спонтано се создаде пријателство и не само на релација доктор-пациент, пријателство кое егзистира и денеска. На крај изразувам и голема благодарност до д-р Оливер Бушљетиќ за сите негови ангажирања во одржување на моето здравје.

Со почит,

Пантелије Панче Кочовски 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 

 acibademsistina bitola galerija

 

 

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library