Тим од 7 доктори се избори за мојот живот

Aco Gjorevski 2

Повеќе од две години чувствував тапа болка во грбот. Кога и да отидев на лекар докторите упорно ме лекуваа од ишијас. Постојано им велев да направиме снимање на магнетна резонанца, но тие ми велеа дека нема како да се оправда снимањето. Последната година сè почесто одев на доктор бидејќи состојбата се влошуваше. Почнав потешко да одам, и ги губев сите рефлекси, на крај станав неподвижен.

Моја последна шанса беше „Аџибадем Систина“

Неподвижен и во количка, решив да дојдам во „Аџибадем Систина“ кај проф. д-р Кирил Лозанче. Докторот веднаш ми направи магнетна резонанца и видe декa има туморска маса на ‘рбетот, што беше причина за мојата парализа. За само неколку часа имав дијагноза која ја чекав 2 години. По поставувањето на дијагнозата, проф. д-р Зоран Трајковски веднаш направи биопсија. Десет дена по биопсијата стигнаа резултатите од патологија со дијагноза метастаза од фоликурен карцином на тиродна жлезда.

Моето лекување продолжи кај д-р Лилјана Муратовска, која го дијагностицираше карциномот на тироидна жлезда. Во консултација со д-р Славица Кралева, следниот чекор беше операција за отстранување на тироидната жлезда. Веднаш ме подготвија и веќе следниот ден бев опериран од д-р Митко Караѓозов. Додека лежев во болница стигнаа и резултатите, кои само ја потврдија првичната дијагноза.

Туморот од ‘рбетот беше успешно отстранет

По операцијата следуваше уште една, со која требаше да се отстрани туморот од ‘рбетот. Многу бев исплашен поради ризикот од операцијата, дека можеби никогаш повеќе нема да можам да одам. Но, целиот тим доктори кои се грижеа за мене ме охрабруваа во позитивен резултат, што на крајот и се случи. Проф. д-р Јордан Савески и д-р Неда Трајковска ме оперираа и успешно го отстранија туморот. Последниот чекор од моето лекување беше јодна терапија, по што конечно бев пуштен на домашно лекување.

Aco Gjorevski 1

По 129 дена, застанав на нозе  

Секој ден очекував да се случи чудо, да можам да станам од количка. Но, деновите поминуваа, а моите нозе и понатаму останаа неподвижни. На 19. ден си посипав вода на нозете и во еден миг едниот прст се помрдна. Не знаев дали е вистина или фантазирам. Ја замолив сопругата да ми потури вода за да ми потврди. Веднаш му се јавив на син ми за да му ја кажам радосната вест, почна да ме фаќа тахикардија од возбуда. Вечерта си легнав да спијам возбуден, едвај чекав да се раздени за повторно да се обидам и да видам дали ќе ми се помрднат прстите. Утрото се обидов, но безуспешно, направив уште неколку обиди и пак ништо. Дури вечерта имаше резултати. Една недела подоцна прстите на нозете почнаа да се движат.  

По 129 дена поминати во количка, конечно можев да станам. Сега се чувствувам одлично. Мојот совет до сите е никогаш да не ја губат надежта, посебно кога толку професионалци ќе се посветат на тебе.

Што да кажам повеќе, две години состојбата само се влошуваше и комплицираше и никој не ја знаеше точната дијагноза. Благодарение на „Аџибадем Систина“ и тим од 7 доктори кои се грижеа за мене, денеска го пишувам ова писмо. На крај резултатот е импресивен, продолжив на свои нозе да чекорам понатаму низ животот оставајќи го канцерот зад себе.

Ацо Ѓоревски

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 

 acibademsistina bitola galerija

 

 

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library