Во „Аџибадем Систина“ сонот станува реалност

Ако сонувате да станете родители, планирате да имате бебе, а работите не одат онака  како што сте замислиле, во Скопје постои болницата „Аџибадем Систина“ и тимот на д-р Слободан Лазаревски, кој ќе ве сослуша, разбере и ќе ви помогне вашиот сон да стане реалност.

На 30 јануари 2017, во 8:47 и 8:48 нашиот сон стана реалност во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со првото  плачење на нашите ангелчиња Тијана и Теодор. Беше ладно скопско зимско утро во најдолгиот месец на годината, но и денот кога д-р Корнелија Трајкова и д-р Бобан Сарџовски ги донесоа на свет нашата најголема радост и гордост, близнаците Тијана и Теодор.

Високоризична близначка бременост

Во текот на целата бременост тимот на д-р Слободан Лазаревски се грижеше најпрофесионално и најодговорно го водеше целиот процес. Една имаше високоризична близначка бременост за која беше потребно повеќе внимание, редовни контроли и мониторинг, особено во последните два месеца, кога ризикот е најголем.

Не постојат зборови во ниту еден светски јазик со кој би можело да се опишат и доловат тие моменти од напнатоста додека се случува породувањето и кога минутите изгледаат долги како година до неверојатната хемиска реакција што се случува во вашето тело кога ќе ја дознаете најубавата вест што долго сте ја очекувале и мечтаеле за неа. Таа вест мене ми беше соопштена од анестезиологот д-р Ивица Стефановски, кој не само што психолошки ја подготви мојата сопруга Една туку и за време на целиот процес на породување со царски рез беше нејзин водич за безболно породилно искуство. Секоја чест д-р Стефановски на вашата стручност и искуство, ви благодариме од сесрце.

Edna Pance Unevski 2

24/7 достапни за нас

Една доаѓа од островот Цебу на Филипини и нашата животна приказна преку Дубаи нè донесе до Македонија, Скопје и Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во текот на нејзината бременост се прилагодуваше на македонскиот начин на живот и храна, а воедно се соочуваше со културниот шок што се јавува како последица на десетици илјади километри дистанца од Далечниот Исток, тропската клима до изгор лето и кочан зима во Скопје и на Балканот.

Би сакале да ја споменеме и да ѝ се заблагодариме на д-р Корнелија Трајкова, која не само што ја водеше бременоста на Една туку беше нејзина пријателка со која беше во секојдневен контакт и за што било беше 24/7 достапна за нас дури и кога беше на одмор. Па што друго би можеле да кажеме освен дека ти е мерак да имаш таква докторка и пријателка…

Д-р Слободан Лазаревски, доктор за Оскар

За д-р Слободан Лазаревски многу е кажано и напишано, за неговите стручност, посветеност и човечка грижа зборуваат неговите резултати, признанија, како и задоволните и насмеани родители и идни родители. Беше и првиот доктор кој влезе во нашата соба по породувањето да ни честита на двојната среќа и радост и ако постои Оскар за нај, нај доктор треба да оди во рацете на д-р Слободан Лазаревски.

Нашата приказна продолжува со д-р Антони Христовски

Тука не завршува нашата приказна со „Аџибадем Систина“ туку само продолжува понатаму со развојот и растењето на нашите близначиња Тијана и Теодор и грижата за нив од д-р Антони Христовски, кој на нивниот прв преглед кажа нешто што ќе ни остане во длабоко сеќавање. Обично бебињата плачат, но штом влеговме во „Аџибадем Систина“ и во ординацијата на д-р Христовски, Тијана и Теодор престанаа и почнаа да гугаат па ние го прашавме што е работата, а тој ни одговори па Тијана и Теодор се сега дома, тие се тука родени и тоа го чувствуваат па се однесуваат домаќински, одговорно и нема плачење.

Би сакале да се заблагодариме на целокупниот тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и да им посакаме уште многу среќни и радосни моменти за многу идни родители затоа што во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ сонот станува реалност.

Со почит,

Панче и Една Уневски 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 

 acibademsistina bitola galerija

 

 

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library