Со вистински професионалци го надминав стравот од операција

AcibademSistina 1

Јаки болки во ‘рбетниот столб и нозете биле првите симптоми што ја натерале Снежана Стојчева да појде на лекар. По направените испитувања, предлогот на докторите бил хируршка интервенција на ‘рбетниот столб, но стравот играл значајна улога за Снежана да ја одложува интервенцијата. Физикалните третмани ѝ помогнале во ослободување од силните болки, но тоа не било решение.

Пред една година повторно се вратиле силните болки во двете нозе, Снежана почнала да губи сила и едвај стоела. Позитивните коментари и препораките на своите блиски ја донеле во амбулантата на проф.д-р Јовица Угриновски, за кого вели дека е врвен специјалист кому комплетно му верувала. 

„Во ‘Аџибадем Систина’ ме донесоа во количка бидејќи не можев да одам. Знаев дека повеќе не можам да ја одложувам операцијата. Професорот Угриновски ме прими и за кратко време ми закажа операција. Претходно, во консултација со диетологот ми препорача специјален начин на исхрана со цел ја намалам својата телесна тежина и да си ја олеснам операцијата. До интервенцијата намалив околу 6 килограми. Сега кога операцијата е зад мене, се чувствувам одлично. Силата во нозете ми се враќа, чувствувам подобрување, полека станувам и се движам. Им благодарам многу на проф.  Јовица Угриновски, на проф. д-р Јордан Савески, на д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ, на тимот физиотерапевти. Овде работи одличен тим доктори кому комплетно можете да му верувате. Сите си ја знаат работата, а крајната цел им е задоволен и здрав пациент. Им благодарам што секогаш беа покрај мене. И по заминувањето од тука ќе продолжам да доаѓам на физикална терапија и ќе се придржувам до советите кои секојдневно ги добивам. Да знаев дека ќе чувствувам вакво подобрување, немаше толку многу време да ја одложувам интервенцијата. Згрешив што чекав толку долго“- вели Снежана.

„Спинална стеноза претставува стеснување на спиналниот канал, што предизвикува болки во грбот, слабост, трнење на нозете, како и нарушување на контролата на мокрење и дефекација. Стенозите можат да се појават насекаде во ’рбетот, но најчесто се појавуваат во цервикалниот и лумбалниот дел предизвикувајќи притисок во ’рбетот, тие можат да влијаат и врз функцијата на нозете, дебелото црево и мочниот меур. Спиналните стенози најчесто се резултат на стареење во комбинација со одредени дегенеративни заболувања на ’рбетот и ги зафаќаат луѓето кои имаат над 60 години. Но, оваа состојба може да се појави и кај помладите кои имаат абнормално тесни спинални канали уште од раѓањето. Интервенцијата кај Снежана беше сложена, но, за среќа, сè помина во најдобар ред. Пациентката сега се чувствува одлично“ – вели проф. д-р Јовица Угриновски.

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 

 acibademsistina bitola galerija

 

 

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library