Проф. Савески го направи невозможното

Виган Латифи е 28-годишно момче од Приштина. Уживал во секојдневните активности сè до пред 8 месеци, момент кога судбината си поиграла со неговиот живот. Се нашол на работ на смртта, а шансите за негово преживување биле многу мали.

„Виган е графички дизајнер и изработува реклами“ – објаснува неговата мајка Тевиде. „Пред да се случи несреќата, отиде да постави реклама за еден од неговите клиенти. Бидејќи се задржа подолго од вообичаеното, му ѕвоневме на мобилниот телефон. Обично веднаш ни се јавува, а сега направивме 20 неуспешни обиди, Виган не се јавуваше. По 2 часа сериозно се загриживме и се посомневавме дека нешто не е в ред. Бевме упорни и продолживме да ѕвониме. Се исплашивме кога на неговиот мобилен слушнавме непознат глас. Ни рекоа дека се од полиција и дека нашиот син е во ургентен центар. Веднаш се упативме таму, ни самите не знаевме како стигнавме и колку брзо возевме. Врнеше дожд, беше лизгаво... Кога стигнавме нè дочека страшна слика. Крв на сите страни, скршени заби, повреди по целото тело.

ViganLatifi 2

Во болницата каде беше сместен нашиот син по несреќата ги немаа основните средства неопходни за операција, и едноставно не можевме да дозволиме нашиот син да остане тука. Решивме да го донесеме во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ во Скопје“ – вели Тевиде.

На право место, во вистинско време

„20 часа беше во болница во Приштина. Состојбата беше многу критична. Животот му висеше на конец 99%, со шанси за заздравување само 1%. По 20 часа дојдовме во ‘Аџибадем Систина’, со итен транспорт, нè пречекаа проф. д-р Јордан Савески и д-р Неда Трајковска, кои го прегледаа нашиот син и ни објаснија каква е состојбата и какви оперативни зафати се неопходни. Не знаевме ништо за проф. Савески, но знаевме дека тука работат најдобите доктори. Нè прими како да сме негови најблиски роднини, односот му беше професонален и пријателски. Како што ни рече, така излезе на крај. Како последица на сообраќајната несреќа на нашиот син му откажа работата на бубрезите, престана да мокри и беше вклучен на дијализа. Операциите поминаа во најдобар ред. Виган беше 30 дена во болница. Првата операција беше по 7 дена, а другата по 10 дена. Се движеше со помагала, а по 2 месеци стана и почна нормално да се движи. Сега може сам да се движи и да се врати на секојдневните активности. Му беа скршени левата нога, левата рака и ребрата од левата страна. Благодарение на проф. Савески, во чии раце беше животот на нашиот син, тој остана жив. Се најдовме на вистинското место, во вистинско време. Нема зборови со кои можеме да ја искажеме нашата благодарност до професорот и целиот персонал во оваа болница, кои постојано се грижеа за здравјето на нашиот најмал син“ – објаснува неговиот татко Рамадан.

ViganLatifi 3

„Пациентот е хоспитализиан во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’ на 16.07.2016 година како итен случај, со сериозни повреди добиени од сообраќајна несреќа. Виган беше во тешка општа состојба, нестабилен и неопходно беше интензивно мултидисциплинарно лекување. Со повреда на слезината, бубрегот, контузија и хематом на црниот дроб, скршеница во пределот на вратот, скршеница на лакотот, потколеницата, отворени рани на рамото и надлактицата, натколеница, скршеници на повеќе ребра, контузија и хематом на белите дробови“- oбјаснува проф. д-р Јордан Савески од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. 

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 

 acibademsistina bitola galerija

 

 

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library