Се трудам да делувам позитивно на секој пациент

Доколку сте ја посетиле амбулантата за Тораковаскуларна хирургија во „Аџибадем Систина“ тогаш сигурно сте го запознале Никола, младо момче кое веќе 4 години се грижи пациентите да стигнат безбедно до амбулантата на д-р Митко Караѓозов. Секогаш насмеан, ведар и полн со позитивна енергија, Никола важи за еден од вработените за кој пациентите не ги кријат пофалните зборови.

„Од влез на болницата па сè додека не заминат, јас сум тука за пациентите. Ги спроведувам до докторот, а потоа се грижам навреме и безбедни да стигнат до Одделот за дијагностичка радиологија, кардиологија или каде што ќе каже д-р Караѓозов дека треба да одат за да направат одредено испитување“, вели Никола Трајковски, болничар.

Зошто одлучи да работиш тука?

Медицината е хумана професија, а јас по природа сум хуман и сочувствителен човек. Мислам дека оваа професија, преку која можам да бидам блиску до луѓето кои имаат проблем, е тоа што ми одговара и сакам да го работам.

Какво е твоето секојдневно искуство со пациентите?

Секојдневно сум опкружен со најразлични пациенти.  Тука доаѓаат пациенти кои имаат проблеми со циркулацијата, претежно се повозрасни, дијабетичари, дел од нив се со ампутиран дел од телото и се неподвижни. Генерално, ова е една тешка категорија на пациенти кои не можат самостојно да ги изведуваат прегледите и им е потребна помош. Јас ги пречекувам уште од самиот влез на болницата и со болничка количка ги носам до чекалницата на амбулантата. Се запознавам со нив и со нивната состојба, разговараме и се трудам колку што можам позитивно да делувам иако се загрижени и во неизвесност од дијагнозата или третманот.

Колку сочувствуваш со нивните приказни?

Можам да споделам различни приказни и искуства. Главно тоа се убави моменти кога пациентите се задоволни од третманот, од стручноста и професионалноста на д-р Митко Караѓозов и неговиот тим, во кој јас припаѓам и чест ми е што сум дел од нив. Секоја приказна е различна, не можеш а да не се радуваш кога и пациентите се радуваат и не можеш да бидеш имун на тоа кога се тажни или не добиле добар резултат. Но, се трудам секогаш да бидам коректен и професионален со сите нив, да им помогнам и да им ги олеснам престојот и движењето низ болничките ходници.  

AcibademSistina NikolaTrajkovski 05

Како гледаш на тимската работа, кои се луѓето со кои секојдневно соработуваш?

Чест ми е што можам да кажам дека ние сме еден одличен тим кој добро се познава меѓу себе и заедно работи со години. Дневно низ амбулантата поминуваат навистина голем број пациенти, и потребна е перфектна организација сè да помине во најдобар ред и тие да бидат задоволни на крајот од денот.

Секој од нас си ги знае точно своите обврски, но со задоволство си помагаме кога е потребно. Можам да кажам дека главната сестра Сашка Ленц, како и  Александра и Марика се прекрасни колешки со кои е задоволство да работиш. Истото го мислам и за д-р Митко Караѓозов, доктор со големо срце и стручност. Секојдневно учам од неговиот однос кон пациентите, колку и да има работа, тој секогаш е насмеан и позитивен со нив, ги сослушува и им помага. Тоа всушност е нашата задача, затоа сме тука, да им помогнеме кога имаат потреба од помош.

Само пофални зборови за Никола

Додека разговаравме со Никола, пред болницата пристигна Насер Салији, пациент на д-р Караѓозов кој имаше закажан преглед. Никола го пречека на влезот во болницата и го спроведе до амбулантата, а тој со задоволство ни го раскажа досегашното искуство

„Имам само пофални зборови за Никола, и за целиот тим. Јас тука доаѓам веќе 3 месеци, и секогаш ме пречекуваат со насмевка и убав збор. 3 месеци доаѓам и еднаш не сум ги видел да се нерасположени, мрзеливи или отсутни. Секоја чест за услугата и добрината. “, вели Насер

Професијата ме исполнува

На крајот од работниот ден, Никола заминува со полно срце бидејќи знае дека неговата помош некому значела многу. Пациентите и нивното семејство честопати му изразуваат благодарност, а тоа според Никола е неговиот најголем мотив да биде тука за нив.

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин


 Acibadem Sistina Fotogalerija


 acibademsistina bitola galerija


gurs banner


Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library