Болница на насмевки и хумани луѓе

Целиот свој живот го помина борејќи се за правата на лицата со хендикеп. Бунтовно го дигаше својот глас за освестување дека постои група луѓе кои им е потребна помош за да станат рамноправен член на ова општество. Но, неговиот борбен дух за подобар третман не го напушти ни кога му соопштија дека како критичен пациент неговиот живот ги одбројува последните часови.

„Бев тежок пациент, кога ги слушнав докторите дека нема да го преживеам денот, со последни сили се изборив да ме префрлат во ,Аџибадем Систина‘. Благодарение на таа одлука денеска со насмевка можам да ја раскажам борбата со мојата болест“, раскажува Звонко Шаврески, кој додека се подготвуваше да си замине од болница, по еден месец и пет операции, со нов елан и нов животен порив ја почна својата приказна.

„Целата состојба почна навидум наивно, со болка во стомак. Долго чекав да ми откријат што точно се случува. На крајот се откри опасна бактерија во стомак. Никој не сакаше да ме оперира бидејќи бев премногу критичен, се плашеа дека нема да ја преживеам операцијата“.

Со отворен стомак, прикован за кревет ги одбројувал деновите

На крај операцијата заврши, Звонко преживеал, но состојбата станувала сè покритичка. Со отворен стомак, морал да лежи прикован за кревет.

„Докторите беа уплашени дека ќе умрам. Имав лоша зараза, што можев да ја пренесам на други, а мојата ситуација беше таква што не смеев да ’закачам’ инфекција. Раната мораше да ми биде цело време отворена. Цело време бев свесен, со отворен абдомен, лежев за бактеријата да изгине“.

Во критична состојба, со отворен стомак Звонко Шаврески решил судбината да ја земе во свои раце. Кога докторите му соопштиле дека му преостануваат уште неколку денови од животот, побарал со амбулантно возило да биде префрлен во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде бил преземен од д-р Ален Јовчевски, абдоминален хирург.

„Пациентот Звонко Шаврески е примен во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како итен случај, во многу тешка општа состојба како последица на комплициран исиоректален апсцес. Пет оперативни зафати, две третини од деновите на хоспитализација поминати на Одделот за интензивна нега, од кои половината на механичка вентилација, дијализа поради акутна бубрежна инсуфициенција, примена на VAC системот за сузбивање на локалната инфекција и создавање услови за затворање на стомачниот ѕид е дел од патот кој пациентот го помина.“

Речиси нема вработен лекар, медицинска сестра, физиотерапевт или болничар во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ кој не учествувал во процесот на лекување на Звонко.

„На општо задоволство, по речиси еден месец, пациентот беше испишан во добра општа состојба. За крај можам слободно да кажам дека Звонко Шаврески е позитивен пример за примена на современ, функционален мултидисциплинарен пристап на лекување тешки и критични болни кои се применуваат во нашата установа“, објаснува д-р Јовчевски за текот на лекувањето.

Бунтовник за правата на пациентите

Звонко за себе вели дека дел од животот го поминал во „бунт“ за насмевки и хуман однос на медицинскиот персонал. На шега раскажува дека за време на една од многуте хоспитализации, поради неговиот револт и борба за правата на пациентите, од болница бил изнесен со асистенција на полиција.

„ Јас имав многу лошо искуство кога барав медицинска сестра, тоа е мојата најголема болка, кога нема кој да те услужи, да ти даде чаша вода, да те подигне со насмевка. Во „Аџибадем Систина“ имав услуга како да бев во хотел со 5 ѕвезди, а не во болница. Сите се насмеани и желни да ти помогнат. Многу убав човечки однос од медицинските сестри, како да се знаеме одамна. Болничарите овде се млади, полни со елан, постојано разговараа со мене, ме бричеа, ме бањаа, ме носеа на кафе. Кога ќе поминат по ходник, ќе ме поздрават, ќе кренат рака колку и да брзаат. Физиотерапевтите беа агилни да ме кренат, да почнам да се движам, а не да вежбам во кревет. Кога малку ми се подобри состојбата почнав да јадам, храната ми се допаѓаше. Барав репете, барав овошје. Дента на мени беше круша, јас побарав праска, тие веднаш ми ја донесоа. Ова многу ми значеше, иако беше мал гест“, раскажува Звонко за своето искуство во „Аџибадем Систина“.

Се поздравивме со надеж дека болеста ќе биде само едно минато кое брзо ќе се заборави и ќе остане зад нас. Пред него се нови борби, како што вели, да создаде млада армија борци кои ќе ја продолжат неговата битка за посветла иднина на лицата со посебни потреби.

Бев среќен што се отвори болница која ќе ја анулира болката

„Кога се отвори ,Аџибадем Систина‘, дојдов во посета. Бидејќи сум член на Полиоплус, господинот Јордан Камчев нè повика да дојдеме да ја провериме пристапноста на објектот, како луѓе кои се засегнати со овој проблем. Дојдовме, ја разгледавме болницата и имав краток говор на отворањето. На отворањето кажав мисла на мојот професор по пенелогија, не е тежок затворот, тешки се затворениците‘. Од моето искуство, не е толку тешка болката колку што се тешки болниците. За основни работи треба да се бориш. Кога се отвори оваа болница, бев среќен што се отвори болница која ќе ја анулира болката. Болка е болка, операција е операција, но барем да се чувствуваш како човек за време на престојот во болница. Имав лежено по болници и низ светот и како пациент и како здружение. Сега, кога сум пациент, 6 години подоцна мојот говор има значење“

Контакт Аџибадем СистинаЗакажи преглед, термин

 Acibadem Sistina Fotogalerija

 acibademsistina bitola galerija

Спортски спонзорства

Мобилни апликации

Online Library